Македонија е единствена земја која не е членка на Европската унија, а потпиша Меморандум за соработка за развој на пазарите на капитал заедно со уште седум земји членки на ЕУ

August 27, 2025
1 min read

27 август 2025 Скопје- Македонија е единствена земја која не е членка на Европската унија, а сепак потпиша Меморандум за соработка за развој на пазарите на капитал заедно со уште седум земји членки на ЕУ, кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Дневникот на ТВ Сител.

“Тоа е еден од најзначајните исчекори на Министерството за финансии во последниот период, особено затоа што е насочен кон приватниот сектор. Зошто ова е важно? Кога зборуваме за пазар на капитал, обично се мисли само на берзата како место за купопродажба на акции. Но, суштината на овој Меморандум е многу поголема – тој овозможува формирање пазар на кој ќе може да се тргува и со новоиздадени хартии од вредност, не само со акции, туку и со обврзници. Тоа отвора огромна можност за македонските компании кои тешко обезбедуваат финансирање од банките – сега ќе имаат алтернатива да издадат сопствени обврзници или акции“ кажа Димитриеска-Кочоска.

Како што појасни министерката во исто време се проширува и  пазарот, осносно хартиите од вредност на македонските компании ќе можат да ги купуваат и граѓаните од другите седум земји членки на ЕУ, а нашите граѓани ќе имаат можност да инвестираат во нивните компании.
“На тој начин се создава интегриран пазар на капитал – нешто што одамна функционира во САД, но во Европа сè уште е ограничено. Оваа иницијатива, која ја покрена Министерството за финансии на Хрватска, е навистина голем чекор за сите осум земји. Следува процес на усогласување на законите и правилниците, а очекуваме за една до две години првите компании да започнат да издаваат хартии од вредност, а инвеститорите – и домашни и странски – да можат да инвестираат во нив“ потенцираше Димитриеска-Кочоска и дополни дека е горда што што Македонија е дел од оваа иницијатива, бидејќи таа е пред сè насочена кон тоа да им помогне на компаниите полесно да дојдат до финансиски средства и да создадеме подинамичен пазар на капитал.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска заедно со министрите за финансии и економија на Бугарија, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија во понеделникот во Загреб го потпишаа Меморандумот за разбирање за соработка во развојот на пазарите на капитал.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Вил Смит фатен во лага- преку вештачка интелигенција прикажува концерти полни со публика

Следно

Ушинова од Штип: Стартува акцијата Предложи! Вистинската идеја за вашата општина – Очекуваме голем одзив и идеи од граѓаните, со цел да бидат ставени во изборната програма

Latest from Blog

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако

Божиновска: Скопје повторно станува регионален центар за енергетика и зелена транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Македонската берза во црвено: МБИ10 падна за 0,36%, Комерцијална банка со најголем промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.585,45 поени. Во однос
Go toTop