По катастрофата на Кипар: Паника во Ц. Звезда, Терзиќ мора да распродаде пола тим!

August 27, 2025
1 min read
ФОТО: FK Crvena Zvezda/FB

Едноставно се преценија, едноставно го потценија Пафос, и тоа потоа како им се удри од глава. Се разбира дека тука мислиме на Ц.Звезда, клуб кој ова лето потроши тешки милиони за да создаде тим кој ќе игра во Лигата на Шампионите. Купен беше и Марко Арнаутовиќ и му се даде 2 милиони евра годишна плата, а тој да ти бил повреден.

И сега откако таму некој си Пафос, ова се зборови на “црвено – белите“ пред двомечот со кипарскиот шампион, ја елиминира гордоста на Србија, сега проблем. Сега Ц.Звезда ќе игра во лигашката фаза од Лигата на Европа, а тоа се многу, многу помалку пари од предвидените.

Сега некој ќе мора да го правда минусот, се знае кој и се знае каде.

И сега првиот човек на клубот, Ѕвездан Терзиќ, барем според медиумите во Србија,е во паника и ќе мора да граспродава дел од своите најдобри играчи. Мора да се надополни минусот…

А се беше како во бајка по триумфот над Лех Познањ.

И што е најинтересно. З. Звезда е елиминирана вчера од клубот на кој газда е личниот пријател на Вучиќ и Терзиќ, Сергеј Ломакин, руски тајкун инаку актуелен генерален директор на боксерскиот сојуз на Србија.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мелони: Сојузниците го разгледуваат италијанскиот предлог за гаранции за Украина

Следно

Бајовски: Рамномерен развој и инвестирање во сите населени места во Општина Чучер Сандево

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу
Go toTop