Стефковски: Гази Баба во изминатите 4 години бележи историски најголем развој

August 26, 2025
3 mins read

Актуелниот градоначалник на скопската општина Гази Баба, Бобан Стефковски, од своите сограѓани ќе ја побара довербата за уште еден мандат, како кандидат на владејачката партија.

Во интервју за КУРИР со него разговараме за досега реализираното, за идните планови, но и за соработката со актуелната и минатата влада.

Освен што новата кандидатура за него е чест, претставува и голема одговорност.

-За мене е чест, но и голема одговорност што ја добив довербата од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски да бидам кандидат на партијата за втор мандат за градоначалник на општина Гази Баба. Истовремено ова за мене е и признание за посветената работа и реализираните проекти во првиот мандат. Општина Гази Баба во изминатите 4 години бележи историски најголем развој. Тоа се должи на посветената работа, не само моја, туку и на мојот тим, на советниците, на администрацијата, на поддршката од пратениците кои доаѓаат од општина Гази Баба и секако најголемата поддршка доаѓа од премиерот Мицкоски. Направивме многу за граѓаните, подготвуваме мандатен отчет кој во првата половина од септември ќе го промовираме пред граѓаните, онака како што дававме отчет во сите изминати четири години, вели градоначалникот и кандидат за истата функција.

Минатите четири години Гази Баба доживеа една целосна преобразба. Се работеше посветено во секое населено место, а реализирани се 670 проекти. Стефковски вели дека за него секој проект е важен бидејќи така се решаваат проблемите на граѓаните.

-За мене сите проекти се подеднакво важни бидејќи со реализацијата на секој еден проект, решавате проблем на некој граѓанин. Работевме многу, работевме посветено. Часови и часови поминавме на подготовка на урбанистичко планска и проектна документација. Реализиравме 670 проекти. Во истовреме како никогаш досега, општината е претворена во едно големо градилиште. Се градат две нови детски градинки, ново училиште, се реконструира домот на културата во Ченто, се гради спортска сала во Црешево, се асфалтираат улици, се гради канализација во Јурумлери… Наскоро од денес започнуваме со реализација на проектите поддржани од Владата. Ќе започне градба на уште две нови градинки, нова сала во Железара, реконструкција на 12 клучни сообраќајници низ општината, ќе се догради ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево. Едноставно кога работите системски, резултатот доаѓа, а граѓаните добро го знаат тоа, вели Стефковски во интервју за КУРИР.

Избра да не биде градоначалник кој целото работно време го поминува во канцеларија, туку на терен меѓу граѓаните. Од нив слуша идеи, пофалби, критики… Токму од таквите средби произлегоа низа идејни проекти кои ќе најдат место во неговата нова предизборна програма.

-Од првиот ден кога ја превземав одговорноста да бидам градоначалник на општина Гази Баба верував само во едно, а тоа е дека сум прв помеѓу еднаквите. Дека тоа беше така во изминатите 4 години говорат фактите. Јас сум првиот градоначалник на општина Гази Баба кој нема искористено службено возило ниту еднаш во целиот мандат, ниту пак имам потпишано фактура за трошоци за репрезентација. Од првиот до последниот ден целта се граѓаните и подобрувањето на нивниот живот, а не личните привилегии. Мојата работа се базира на пулсот кој го добиваме од теренот. Секојдневно сум низ населените места. Гласот на граѓаните е тој што одлучува. Истовремено во овој период ја предводам и теренската кампања Караван за идеи „Твоја идеја, заедничка иднина. За Гази Баба која повеќе не запира”. Скоро секое попладне сум на терен на директни средби со граѓаните, онака како што работевме во текот на целиот мандат. Слушам одлични идеи, иницијативи и предлози и најголем дел од нив ќе се најдат во изборната програма, а во новиот мандат и ќе се реализираат, рече тој.

За време на неговиот мандат имаше промена на власта во Македонија. Го прашавме дали може да направи една компарација за тоа каква соработка имал како градоначалник со минатата Влада, а каква има со актуелната Влада?

-Со минатата Влада не постоеше соработка, туку само опструкции. И најдоброто нешто што можеше да и се случи на Македонија е тоа што тие заминаа во опозиција. Денес имаме Влада на која приоритет и се граѓаните. Благодарение на поддршката која општините ја имаат од Владата, премиерот Мицкоски и ресорните министри, Македонија прерасна во едно големо градилиште. Ќе зборувам за Гази Баба. Покрај тековните проекти кои ги реализираме од сопствените приходи, благодарение на поддршката на Владата се реализираат проекти во висина од повеќе од 13 милиони евра. Историски највисока поддршка која општина Гази Баба ја добила од Владата во своите скоро 50 години постоење. Најважно од се е што со инфраструктурниот бум кој е насекаде низ Македонија се постигнува и рамномерен регионален развој, што е стратешки важно. Ако сите претходни состави на Владите инвестираа барем дел од ова што е денес, немаше во 21 век да имаме населени места без вода за пиење и без фекална канализација, рече Стефковски.

Градоначалникот на Гази Баба и кандидат за истата функција очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во најголем број во општините низ Македонија уште во првиот изборен круг.

-Ова мое очекување не е резултат на мојата желба, туку истото се темели на сработеното насекаде низ Македонија. Оваа генерација на градоначалници покажа еден поинаков пристап кон работата. Одговорен, а пред и над се чесен. Не смееме да заборавиме дека повеќе од половина од нашиот мандат помина со Влада предводена од СДСМ и ДУИ, а тоа значеше секојдневни инспекции, одземање ингеренции и многу опструкции, заклучи Стефковски.

 

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се огласи Вуди Ален по критиките дека ќе учествува на филмски фестивал во Москва: Путин греши

Следно

Меџити го повикува Обвинителството: Османи да одговори за трошоците на Самитот на ОБСЕ

Latest from Blog

Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен од утре ќе биде пуштен за сообраќај

егионалниот пат Нова Брезница- Македонски Брод преку националниот парк Јасен од утре од 05:00 часот ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи, информираат од Ј.П. Македонија пат.

Трагедија на свадба во соседството: Дедото се веселел на мажачката на внуката, кога наеднаш паднал

Бил среќен што ќе ја омажи својата внука, наздравувал и танцувал, а потоа во еден момент само побарал стол и штом седнал, се струполил на подот. Трагедијата се случила вчера во Патра,

Каират стана вториот казахстански тим кој ќе игра во Лигата на шампионите

фото: Kazakhstan Football Federation (X) По вторпат во историјата, Казахстан ќе има претставник во главната фаза од Лигата на шампионите. Вечерашниот реванш натпревар од плејофот за Лигата на шампионите на УЕФА меѓу

Трамп бара смртна казна за секој кој ќе изврши убиство во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе бара смртна казна во случаи на убиства во Вашингтон. „Кој и да убие некого во главниот град, смртна казна. Ако некој убие некого

Фактите ги побиваат лагите на СДСМ – Министерството за одбрана работи транспарентно

Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ која се обидува редовна и навремена набавка која се спроведува години наназад
Go toTop