Меџити најавува сигурна победа на октомвриските избори во Чаир

August 24, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Коалицијата ВРЕДИ и актуелен прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, очекува апсолутна победа на октомвриските избори и најавува визија за урбан развој на општината во наредните 50 години.

Во интервју за МИА, Меџити истакна дека довербата од граѓаните ќе ја бара со конкретна и прагматична програма во неколку столбови – решавање на сообраќајниот метеж, уредување на зеленилото и тротоарите, регулирање на урбанизацијата и воведување мораториум за нови градби.

– Чаир ќе биде првата општина што нема да има ѓубре на улиците, затоа што сите контејнери ќе бидат подземни. Тоа ќе придонесе за многу почист и позелен Чаир – рече тој.

 

Во план се и 500 нови паркинг места во Старата скопска чаршија, 100 во Гази Баба, како и нови паркинзи кај Чаирчанка и Пластичарска, заедно со воведување зонско паркирање.

Меџити најави и значајни инвестиции во образованието: од 1 септември две основни училишта ќе работат само во една смена, што, според него, ќе биде модел и за останатите со изградба на нови училишта и реорганизација.

Тој посочи дека Старата скопска чаршија веќе е најатрактивно место во државата, но потенцираше дека визијата на ВРЕДИ е да ја направат уште поразвиена и урбано уредена.

– Очекувам апсолутна победа во Чаир и убеден сум дека битката ќе заврши во првиот круг – изјави Меџити.

Целиот текст на libertas

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Драма на лет од Фиренца до Лондон: Дваесет патници морале да го напуштат авионот пред да полета

Следно

Дарко Костовски носи европски стандарди во училиштата на Бутел! ООУ „Лиман Каба“ во Љуботен пример за инвестиции што не запираат! (ФОТО)

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop