ЕПС започнува постапка за поскапување на струјата

August 22, 2025
1 min read

Главниот директор на Електростопанство на Србија (ЕПС), Душан Живковиќ, денес изјави дека компанијата има иницирано процес за зголемување на цената на електричната енергија. Тој нагласи дека најголемиот дел од приходот од најавеното поскапување ќе биде наменет за развојот на мрежата на Електромрежа и Електродистрибуција на Србија, додека цената на производството на ЕПС останува непроменета.

Според најавите, зголемувањето на цената треба да биде најмалку 7% од 1 октомври. Живковиќ објасни дека препораките на Меѓународниот монетарен фонд бараат сериозен развој на преносната и дистрибутивната мрежа, што претставува главна причина за пренасочување на средства кон тие компании.

Тој истакна дека работата на ЕПС е стабилна и дека системот е подготвен за зимската сезона. Завршени се поголемите ремонти, а во тек е капиталниот ремонт на блокот А6 на термоелектраната „Никола Тесла“ и втората фаза од обновата на реверзибилната хидроелектрана „Бајина Башта“. „На тој начин се создаваат услови системот да биде целосно подготвен за претстојната зима, а со комплетно обновената хидроелектрана ‘Бајина Башта’ се гарантира сериозна безбедност на енергетскиот систем. Залихите на јаглен на депоњите на термоелектраните достигнуваат 1,85 милиони тони, а целта е тие да се зголемат на 2 милиони тони. И покрај сушата, резервите во акумулациите се на 75 проценти пополнетост“, додаде Живковиќ.

Во врска со увозот на електрична енергија, Живковиќ објасни дека купувањето била реализирано во часови кога цената на пазарот била ниска, што овозможило профит и заштеда на домашните ресурси. ЕПС веќе има договор за увоз на јаглен од Индонезија преку пристаништето Бар, а склучен е и договор за железнички транспорт. Тој истакна дека овој увоз е дел од процесот на диверзификација на патиштата за снабдување и обезбедување поголема сигурност на системот.

Компанијата бележи добивка трета година по ред, а дел од профитот е наменет за инвестиции. Говорејќи за дигитализацијата на услугите, Живковиќ рече дека во последните две години се воведени многу нови услуги – апликација, електронска сметка, SAP биллинг систем – со цел подобро работење и подобра услуга за потрошувачите. Околу 917.000 граѓани ја користат апликацијата „ЕПС Увид во сметка“, а речиси 300.000 се имаат префрлено на е-сметки.

Видео: EPS започнува постапка за поскапување на струјата

Извор: KTV

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гласнер: Езе веќе не е дел од Кристал Палас

Следно

Во Франција СМРТ ЕМИТУВАНА ВО ЖИВО – Социјалните мрежи стануваат најмрачен производ на човечкиот ум или лудило

Latest from Blog

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено
Go toTop