Новоизбраниот чешки претседател засега е против испраќање авиони во Украина

March 7, 2023
1 min read

Новоизбраниот претседател на Чешка, пензионираниот генерал Петр Павел, се спротивстави на идејата за испраќање западни борбени авиони за помош на Украина и предупреди дека тоа ќе го комплицира конфликтот ако тие бидат испратени сега.

-Во оваа фаза, мислам дека тоа веројатно би ја искомплицирало ситуацијата. Технички, потребни се најмалку шест месеци за да се испорачаат нови авиони и да се обучуваат пилоти, рече Павел во интервју објавено денеска во францускиот весник „Ле Монд“.

Новоизбраниот претседател на Чешка, кој ќе положи заклетва на 9 март, апелираше да се испрати дополнителна помош во оружје за Украина, но нагласи дека сега ѝ се потребни тенкови, оклопни возила и артилерија, додека авиони може да се испраќаат, но значително подоцна.

Павел рече дека Чешката Република, која на Украина и испрати 89 стари тенкови Т72 од советско и руско производство, ги достигнала границите на помош и дека можеби сè уште може да испрати 14 тенкови Леопард 2 што ги добила како подарок од Германија, иако тоа би претставувало одреден ризик за одбранбената способност на самата Чешка. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почна реконструкцијата на улицата ,,Вера Јоциќ”

Следно

Земјотрес од шест степени на Филипините

Latest from Blog

Захарова ја обвини Германија за русофобија и знаци на неонацизам

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека плановите на германските власти да му забранат на рускиот амбасадор во Берлин да присуствува на церемонијата по повод 80-годишнината од поразот

Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да играм, страста за натпреварување е секогаш со мене

Светскиот рекет број 5, Новак Ѓоковиќ пред почетокот на турнирот во Мадрид одговори дали неговата мотивација е намалена по пензионирањето на Швајцарецот Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал. – Можеби е така.

Вулканот Килауеа на Хаваи повторно еруптираше, 18-ти пат по ред од декември

СКОПЈЕ (АА) – Еден од најактивните вулкани во светот, Килауеа на Хаваи, повторно еруптираше вчера, соопшти Хавајската опсерваторија за вулкани, пренесува Анадолу. Ова е 18-та ерупција на Килауеа од 23 декември 2024

Просечната нето-плата во февруари достигна 43.053 денари – раст од 9,6% за една година

Најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава достигнува 43.053 денари. Во споредба со февруари претходната година, месечната нето-плата по вработен
Go toTop