БиХ бара од Додик враќање на дипломатскиот пасош

August 20, 2025
1 min read

Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина испратило барање до Милорад Додик за враќање на неговиот дипломатски пасош. Дописот е издаден врз основа на член 9 од Правилникот за издавање дипломатски пасоши, кој обврзува лице да ја врати пасната исправа во рок од 15 дена по престанокот на мандатот.

Повикот следува по одлуката на Централната изборна комисија на БиХ од 6 август 2025 година, со која е утврден престанокот на мандатот на Додик. Тој го изгуби мандатот по правосилна пресуда за неизвршување на одлуките на високиот меѓународен претставник, за што во јули доби казна затвор условно и шестгодишна забрана за политичко делување.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална и Алкалоид со водечки промет – ВВ Тиквеш со најмногу трансакции

Следно

Американската војска подготвена за удар врз картелите

Latest from Blog

Најмалку 30 загинати во пожар во близина на Каиро, експлодирале плински боци во камион

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во пожар што избувна по експлозија на плински боци во камион во гувернеријата Гиза, во близина на египетската престолнина Каиро – соопшти
Go toTop