Владата донесе одлука за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините

August 19, 2025
1 min read

На денешната седница на Владата на предлог на Министерство за локална самоуправа беше усвоена Информацијата за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, за таа цел, Владата на Швајцарската Конфедерација, претставувана од Федералниот департман за надворешни работи, преку Амбасадата на Швајцарија, Швајцарската агенција за развој и соработка (Швајцарска амбасада) и Владата на Република Македонија, претставувана од Министерството за локална самоуправа (МЛС) ќе потпишат анекс 4 на Договорот за спроведување на Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“.

Ресурсниот центар за поддршка на општините ќе биде конципиран како институционален механизам кој ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во Македонија, преку обезбедување на специјализирани услуги во областа на административниот менаџмент, планирањето на локалниот/регионалниот стратешки развој, подготовка на техничка документација и капитално планирање, финансиското планирање и управување, техничка експертиза, јакнење на меѓуопштинската соработка, подготовка на проектни апликации и искористување на средства од меѓународни фондови.

Владата, како што се посочува, останува посветена на спроведувањето на своите политики и донесените одлуки во интерес на граѓаните и државата.

Како што беше претходно соопштено, на денешната седница на Владата, на предлог на Координативното тело за следење на арбитражни постапки беше усвоена информацијата со која се утврдува дека во целост се одбиени тужбените барања против државата во случајот познат како КАЗАНДОЛ и со тоа е направена заштеда на буџетските средства на граѓаните во вкупен износ од 115.000.000 евра.

Арбитражниот трибунал донесе пресуда на 21 јули 2025 година со која утврди дека неосновани се сите тужбени барања и истите ги одби во целост.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изет Меџити: Скопје добива нов Универзитетски кампус и подземен паркинг на плоштад „Скендербег“

Следно

Трамп: Америка нема да испрати војници во Украина

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop