Преображение Христово во Ербеле: Македонци од Албанија, Македонија и дијаспората се вратија во родниот крај

August 19, 2025
1 min read

Се собраа Македонци во Ербеле, во областа Долен Дебар или Поле кај црквата Свето Преображение која датира од 12 век и е под заштита на државата, како споменик на културата уште од 1970 година.

Денешниот христијански празник, Преображение Христово, кој е патрон на селската црква, jа продолжуваме вековната традиција, беа локални жители од повеќе села од оваа област, Македонци по потекло од Ербеле а кои денес  живеат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, како и во Дебар и други градови во Македонија, но и водруги земји,

Црквата Свето Преображение по барање за реставрација и заштита до национален институт за културно наследство на Албанија во 2019 година достави македонското друштво “Илинден“-Тирана, барањето беше прифатено од страна на национален институт за културно наследство на Албанија и моментлано црквата е во процес на реставрација и заштита, луѓе од сите страни дојдоја да запалат свеќи и така низ скелиња, штици, ѓерамиди и други градежен матриал, празнува од вечерни часови да го забележат денот да не остане во заборав.

 

Кумството во предходна година беше кај Николинка Поповска, која вечера ја делеше погачата, Паричката падна кај Ернест Постоли, која ќе биде кум. Жителите од поширокиот крај од двете страни на границата, независно од верската припадност  веруваат дека црквата има исцелителна моќ, изјави за Македонски весник “Илинден” Ернест Постоли, чие семејство се грижи за црквата.

„Традицијата не ја забораваме. Во црквата доаѓаме спроти прзаникот, тука сме од синоќа, а одбележувањето го продолживме денеска. По традиција и верување, ноќта спроти празникот, во оваа црква доаѓале не само православни, туку и муслимани. Ноќта ја минувале во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ, вели жител на селото.

Извор: vesnik-ilinden

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Колку што е постара, толку е похрабра: Бикинито едвај ги држи нејзините раскошни облини

Следно

Меџити со архитектот од Истамбул, Бајрам Вардар најавија големи промени во Чаир

Latest from Blog

Дали новиот лидер на Иран е геј- во Белата куќа не можеле да престанат да се смеат, Трамп со урнебесна реакција

Американскиот претседател Доналд Трамп беше запрепастен кога минатата недела дозна дека американските разузнавачки агенции посочиле дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, можеби е хомосексуалец – и дека неговиот татко, покојниот

Трипуновски: Политиките ги креираме заедно со земјоделците, кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, стартува од општина Босилово

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостувањето во Дневникот на Алсат Телевизија говореше за кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, нагласувајќи дека директната комуникација со земјоделците е
Go toTop