Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт ќе потпишат Меморандум за соработка

August 19, 2025
1 min read

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со делегација од Германскиот археолошки институт од Берлин, СР Германија, и од Музејот на град Скопје, денеска ќе го посетат археолошкиот локалитет Скупи.

Во рамките на посетата ќе биде потпишан Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт – меѓународнa истражувачка институција под надлежност на Федералното министерство за надворешни работи на Германија.

На настанот, како што соопштија од Министерството за култура и туризам, ќе биде потпишан и Договор за соработка меѓу Германскиот археолошки институт, кој има долгогодишна традиција во вршење археолошки истражувања на најзначајните археолошки локалитети во светот и Музејот на град Скопје.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Денес е голем ден во Белата куќа

Следно

Денес е Преображение Господово

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,
Go toTop