Меџити: Светски познатиот архитект Бајрам Вардар ќе го изработи архитектонскиот Мастер План за развој на Чаир

August 18, 2025
1 min read

На неговиот фејсбук профил, Изет Меџити го објави името на познатиот урбанист од Турција, кој ќе биде дел од тесниот круг на соработници кој веќе работи на новиот концепт за урбан развој на Општина Чаир, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Во видеото од разговорот помеѓу познатиот архитект и Изет Меџити, Бајрам Вардар меѓу другото вели: „Слично на Истанбул или Бурса, предизвиците и тука во Чаир се слични. Ние сме биле и во Барселона, и тој град претрпе реновирање. Ние ќе изработиме Мастер План за Чаир, заедно со граѓаните и додатно ќе изработиме план за имплементација. Потоа ќе ги развиеме и столбовите на овој Мастер План.”

Ескпертот Бајрам Вардар бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган во периодот кога бил градоначалник на Истанбул, како и бил главен урбанист на градот Бурса, со што директно влијаел врз урбаниот развој на овие две милионски градови.

Бајрам Вардар по потекло е Албанец од Скопје.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дензел Вашингтон остро кон следбениците на „културата на откажување“: Го следам само Господ, а не и човек (ВИДЕО)

Следно

Трамп со Зеленски и европските лидери: разговори за безбедносни гаранции и крај на војната

Latest from Blog

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките
Go toTop