Фиксирани се траги на лице место, а јавниот обвинител ги издава сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите, велат од Обвинителството
Неколку маскирани лица влегле во угостителскиот објект и пукале кон двајцата убиени, а трето лице е повредено, потврди доцна вечерва Обвинителството од каде дежурен обвинител заедно со полициските екипи врши увид на местото на настанот.
Идентитетот на напаѓачите засега не е познат, а од Обвинителството велат дека фиксирани се траги на местото на настанот.
„Според првичните информации, неколку маскирани лица со огнено оружје пукале кон двајцата кои починале на лице место, додека повредениот е пренесен во болница за да му биде укажана лекарска помош. Фиксирани се траги на лице место, а јавниот обвинител ги издава сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите“,
велат од Обвинителството.
МВР претходно ги соопшти иницијалите на жртвите – Ј.К. и Е.И., како и на повредениот – А.Т.
Дел од медиумите веќе објавија дека убиените се Јетон Кривањева и Енес Исени. Според непотврдени информации, тие наводно се наоѓале на вториот кат од објектот каде ги пронашле напаѓачите и пукале кон нив. Кривањева, објави медиуми на албански јазик, бил дел од групата која беше мета на вооружен напад и во хотелот „Александар Палас“ во 2019 година.
За лицата што пукале, пак, „Фокус“ повикувајќи се на свои извори објави дека тие избегале со „ауди 6“ кое го запалиле на излезот од скопската обиколница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
МВР за двојното убиство во Стара чаршија: Пукано е кон три лица, двајца починале на лице место
(ФОТОГАЛЕРИЈА) По двојното убиство, врие од полиција кај Старата скопска чаршија
ИЗВОР: 360stepeni.mk