Сиљановска-Давкова: Повеќе од три децении, Армијата ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината

August 18, 2025
3 mins read

Повеќе од три децении, Армијата ја пишува својата приказна како вистински custos patriae, чувар на татковината. Нашата Армија е столб на стабилноста и мирот: од придонесот во мировната мисија УНИФИЛ, до ангажман во мисијата КФОР, каде во ноември 2020 година македонските мировници го достигнаа највисокото ниво на НАТО одговорност. Денес, над 180 армиски припадници под македонското знаме се вклучени во мировни мисии и операции, истакна во своето обраќање претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 33 години од одбележувањето на Денот на македонската Армија во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

На денешното свечено одбележување на Денот на АРМ присуствуваа претседателот на Влада, Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието, Африм Гаши, министри во Владата, пратеници, високи воени гости и претставници на државни и локални институции.

Претседателката и воедно врховен командант на АРМ, Сиљановска-Давкова рече дека како и голем дел од македонските граѓани, и таа посакува најголеми вложувања во најмоќните оружја: знаењето, образованието и науката, истражувањето и развојот, културата и спортот. Но, како што рече свесна е дека живееме во едно од најнестабилните, нејнепредвидливите и најнесигурните времиња.

-Глобалниот поредок е фрагментиран, европската безбедносна архитектура е нарушена, конфликтите на Блискиот исток се заоструваат и продлабочуваат, климатските ризици од година во година се зголемуваат. Блокадата на евроинтеграциите, вклучувајќи ја нашата, потенцирам, добива димензија и карактер на сериозен безбедносен ризик за регионот на Западниот Балкан, но и за ЕУ. Природата на војната рапидно се менува, напредните технологии галопираат, незамисливи оружја парадираат, вештачката интелигенција сестрано се аплицира, нуклеарната војна понекогаш како да надвиснува над светот. Галопирачката трка во вооружувањето диктира поголеми инвестиции во одбраната, вели Сиљановска-Давкова

Таа во својот говор истакна дека важноста на самоодржливоста во одбраната никогаш не била поголема, како и оти бара зајакната способност за одвраќање напади и одбрана, адаптирање на националните капацитети за кризен менаџмент и стимулирање кооперативна безбедност со онаа на НАТО за да бидеме компатибилни со евроатлантската безбедност.

-Затоа, на Самитот на НАТО во Хаг се дефинира потребата од етапно золемување на трошоците за одбаната. Но, се разбира, средствата не треба да бидат вложени само во опремувањето на вооружените сили, туку и во структурите на државата и економијата, во инфраструктурата. Финансирањето не се однесува само и пред се на оружјето, туку на севкупниот систем што ќе го градиме. Предвидените издвојувања не треба да бидат само трошок, туку и влог и инвестиција, не само во одбраната, туку во самоодржливоста на македонските институции, во нивната функционалност, во нивната ефикасност и ефективност, за доброто на граѓаните, а не на функционерите и политичарите и нивните лични и колективни интереси, подвлече Сиљановска-Давкова.

Претседателката, Сиљановска-Давкова потенцираше и дека сите засегнати инситуции мора да размислуваат за долгорочни проекти што ќе значат креирање и гарантирање самоодржливост и развој, не само во мир, туку и во амбиент на воена закана и потенцијален конфликт.

-На пример, зошто да не е можен НАТО клинички центар, според врвните стандарди на Алијансата, којшто во мирнодопски услови би им бил на располагање на македонските граѓани, а во услови на евентуален конфликт би бил медицински центар за потребите на НАТО Алијансата? Или, зошто еден хибриден модел на клинички центар не би бил изграден токму овде, во Штип, во град со извонредна стратешка локација, добра инфраструктурна поврзаност, со државен универзитет, во чиј состав влегува и медицинскиот факултет, пропратен со болница и студентски дом? Чинам дека вакви инвестиции би придонеле и за обнова, заживување и препород на запустената, иселена и раселена источна Македонија. Или, зошто да не иницираме изградба на НАТО центар за обука на обучувачи на армискиот полигон „Криволак“ – еден од најдобрите полигони во Европа, барем така велат воените експерти? Многу од припадниците на нашата Армија имаат доволно знаење, искуство, чест, како обучувачи да го споделат со нашите НАТО сојузници, рече во своето обраќање Сиљановска-Давкова.

Таа пред македонските припадници на Армијата и високите гости по повод 33 години од постоењето на Армијата додаде дека од боиштата на истокот на Европа станува јасно дека дроновите ќе бидат една од главните воени технологии во втората половина на 21 век.

-Со поддршка на НАТО, можеме да предложиме вложување во локална одбранбена индустрија за производство на средства/мехнизми за заштита од дронови, но и други средства, за кои имаме искуство и докажан капацитет. Ова се само некои од повеќето начини на коишто, вложувајќи во самоодржливоста, ќе ја заштитиме нашата транспортна и критична инфраструктура, ќе ја намалиме ранливоста на нашите системи и институции, ќе го зголемиме уделот и влогот во истражувањето, развојот и иновациите, со што, ќе го подготвиме општеството да биде поотпорно на кризи, особено во ера на постојани хибридни закани, рече Сиљановска-Давкова.

Забележа дека сме територијално мала држава, со малубројна армија. Но,според неа, токму големината на нашата држава и бројноста на нашата армија се нашата силна страна, бидејќи полесно, побргу и со помалку средства можеме да ги постигнеме очекуваните резултати.

-Македонската армија, иако бројно мала, е голема по дух, по знаење и по љубов кон татковината. Уверена сум дека, како и досега, така и во иднина, Армијата ќе биде подготвена да се вклучи и вложи во сложениот, мултидимензионален и мултифункционален проект за градење на самоодржливи институции и системи во загрозена меѓународна и регионална стабилност и безбедност, вели Сиљановска-Давкова.

На централната свеченост по повод роденденот на Армијата се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Претседателката, Сиљановска-Давкова денеска, со орден за воени заслуги го одликуваше Центарот за обука на питомци и офицери којшто едуцира и создава генерации посветени и професионални офицери и подофицери. Воедно им оддаде признание и на прворангираните питомци и слушатели на основниот курс за подофицери и на новопроизведените и промовирани офицери и подофицери.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

РЕАКЦИЈА НА ВЛЕН: ДУИ пред историски пораз – партијата се повлекува од албанските средини

Следно

Во морската риба бакалар се крие лекот за затнати артерии

Latest from Blog

Меџити: Во Арачиново за една година инвестирани 164 милиони денари

2 Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново, проект составен од девет краци со вкупна вредност

Меџити: Во Арачиново вложени 164 милиони денари за конкретни проекти

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново, проект составен од девет краци со вкупна вредност од

Норвешкиот принц Мариус е обвинет за четири случаи на силување- му се закануваат децении затвор

Најстариот син на принцезата Мете-Марит и престолонаследникот Хакон, 28-годишниот Мариус Борг Хоиби, е обвинет за вкупно 32 прекршоци, вклучувајќи и силување. „Максималната казна за прекршоците е до десет години затвор. Ова се

Страшна сообраќајка во Грција: Три лице изгореле во судар на два автомобила и камион на автопат (ВИДЕО)

Според грчките медиуми, се судриле два автомобила и еден камион, по што возилата се запалиле. Сведоците велат дека од запалените возила се слушнале страшни крици. Тројца од четирите патници во еден автомобил

Спенс доби нов договор од Тотенхем

Дефанзивецот на Тотенхем, Џед Спенс потпиша нов долгогодишен договор со клубот. По одличните партии во изминатиот период, 25. годишниот играч заслужи нов договор и секако подобра плата. Тој пристигна од Мидлзброу во
Go toTop