Долги редици на „Богородица“ – 40 минути чекање за излез од Македонија

August 17, 2025
1 min read

На граничниот премин „Богородица“ утринава се чека околу 40 минути за излез од државата кон Грција, додека на „Табановце“ времето на чекање изнесува околу половина час, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од камерите на Јавното претпријатие за државни патишта се гледа дека на „Богородица“ се формирале шест колони возила кои чекаат за излез. На останатите гранични премини нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.

АМСМ предупредува дека поради летните одмори се зголемила фреквенцијата на возила, но сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со зголемен интензитет на патиштата надвор од градските средини.

Се препорачува возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои ризик од одрони. Особено внимание се советува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заборавете на ChatGPT: Apple има нови AI планови

Следно

Урсула фон дер Лајен и други лидери од ЕУ во понеделник во Вашингтон со Зеленски и Трамп

Latest from Blog

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и
Go toTop