ВМРО-ДПМНЕ: Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра

August 14, 2025
1 min read

Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра. 2,5 милиони евра, европски пари кои потоа Европската заедница ги побара назад од државата. Владата на СДС, секогаш ќе остане синоним за криминал, корупција и неспособност. Каде и да се појавеа ја посрамотуваа државата и самите себеси. И на домашна и на меѓународна сцена, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Чест на исклучоци, но во СДС скоро сите поранешни функционери, директори, министри, се поврзани со некаков сомнеж или пак сторен криминал. Лидија Димова го оштети Буџетот на Агенцијата на која што беше директорка за над 20 милиони денари, за случај за која е осудена со уште две лица. Затоа СДС молчи и се одзива кога ќе се спомне Димова. На крај, ќе речат дека ја познаваат од телевизија. Тогашниот премиер Зоран Заев, ја присили Димова да не поднесува кривична пријава за криминал вреден 2,2 милиони евра. Пари кои биле украдени од координирана мрежа во Националната агенција која завршува во тогашниот кабинет на Зоран Заев, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека затоа и деновиве кога СДС ќе излезе со соопштение или прес-конференција, народот не им верува.

-Затоа што народот е свесен дека тие се синоним за криминал и корупција. Затоа што народот знае дека скоро секој поранешен функционер од СДС има направено криминал, а тој криминал го штити обвинителството и судството. Оваа слика мора да ја промениме, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Подобрена ситуацијата со пожарите во Грција, активни се на Пелопонез и Хиос

Следно

Стопанската комора на Северозападна Македонија ги поздрави мерките на Народната банка за пониски трошоци за платни услуги за бизнисот

Latest from Blog

Познат е веројатниот наследник на Кир Стармер

Многумина во партијата го гледаат како најголема шанса на партијата за закрепнување по месеци на опаѓање на анкетите на јавното мислење и слаб изборен резултат во мај. Победата на Барнам на дополнителните

Димитриеска-Кочоска: Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на ЦЕФ

Министерството за финансии денеска во Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), настан кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕФ останува важна платформа за регионална размена на искуства

Министерството за финансии денеска во Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), настан кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на

Тоневски: Инвестиција од 10 милиони денари за реконструкција на дел од „Јаким Стојковски“

Во полн ек се градежните работи за реконструкција на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Проектот опфаќа изградба на нови тротоари и рабници, како и поставување на
Go toTop