Ѓорѓиевски и Црвен крст ја унапредуваат грижата за бездомните лица во Скопје

August 13, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, д-р Саит Саити, на која се разговараше за унапредување на соработката со градот Скопје, со фокус на грижата и поддршката за бездомните лица.

Ѓорѓиевски истакна дека хуманоста е мерка за зрелоста на едно општество и изрази уверување дека преку конкретни активности можат да се обезбедат подобри услови за најранливите категории граѓани. „Секој од нас има обврска да подаде рака на оној што има најмалку, бидејќи вистинската сила на заедницата се гледа во моментите кога се грижиме за најранливите,“ рече тој.

Тој додаде дека Скопје треба да биде заеднички дом со место, грижа и љубов за сите, каде солидарноста ќе биде најголемата вредност, а хуманоста – заеднички јазик.

 

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

МФ: Исплатена нова транша кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните комании

Следно

Тече рокот за евидентирање на службените возила во Регистарот на ДКСК пред локалните избори

Latest from Blog

Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

Македонија си постави амбициозна цел – до крајот на 2027 година да биде целосно интероперабилна со европскиот дигитален паричник. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на
Go toTop