ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да се одважат и да кажат чија е јахтата со која се луксузираат на Егејското море

August 13, 2025
1 min read

Луксузирањето, скапите јахти, скапите гоштевања и чаламот е секојдневието на Филипче и Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека додека од една страна СДС преку прес-конференции и соопштенија вели дека во Македонија тешко се живее и стандардот на граѓаните опаѓал, гледаме дека Филипче го докажува сосема спротивното.

-Со лекарска плата тој заедно со неговиот ментор Заев пловат на Егејското море, најверојатно со сидрото кое ги влече. Секако, не е проблем некој да оди на одмор, туку проблемот е во лицемерието на Филипче и СДС, коишто велат дека во Македонија тешко се живее и едвај се врзува крај со крај, а од друга страна го гледаме вистинското лице на Филипче кој ужива на скапи јахти, во скапи ресторани и скапи апартмани. Исто така, Филипче и Заев, треба да одговорат, дали јахтата во којашто се возеа, е изнајмена или пак е на Филипче или Заев? Или можеби заеднички ја купиле? Доколку испадне дека јахтата е во сопственост на еден од нив, се поставува логичното прашање, како се купува јахта со лекарска, пратеничка или пак премиерска плата?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и Заев им должат одговор на граѓаните. 7 години ја распродаваа и уништуваа државата, а сега ги гледаме како лицемерно и без срам се луксузираат на скапите јахти и скапите ресторани.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Навроцки повикува на забрана на украинските националистички симболи во Полска

Следно

Меморијалниот турнир „Сотир Мазар 2025“ започнува во Крушево

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop