Шкендија поведе, па убедливо загуби од Карабах

August 12, 2025
1 min read

Фудбалерите на Шкендија претрпеа убедлив пораз со 5:1 на гостувањето кај Карабах и со вкупни 6:1 се елиминирани од првакот на Азербејџан. Ова беше реванш натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот првак поведе во 10.минута со голот на Фабрис Тамба, но домашните брзо дојдоа во водство. Прво Клисман Цаке постигна автогол во 16.минута за 1:1, а Кади две минути подцна погоди за водство од 2:1. Карабах ја зголеми предноста откако повторно за три минути постигна два гола. На 3:1 зголеми Нармин Акундзаде во 33.минута, а Марко Јанковиќ беше сигурен од пенал во 35.минута за 4:1. Конечните 5:1 ги постави Леандро Андраде во 59.минута.

По елиминацијата од Лигата на шампионите Шкендија ќе игра во баражот за Лига Европа со поразениот од натпреварот Ференцварош – Лудогорец.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Меџити повика на единство и доверба по повод 24 години од Охридскиот договор

Следно

125 лица осомничени за подметнување пожари во Албанија, 22 во притвор – Рама најави дека потпалувањето ќе се казнува како убиство

Latest from Blog

Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

Македонија си постави амбициозна цел – до крајот на 2027 година да биде целосно интероперабилна со европскиот дигитален паричник. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на
Go toTop