Јули – месец на рекорди и големи поместувања на крипто пазарот

August 12, 2025
1 min read
Јули 2025 беше еден од најсилните месеци за криптопазарот оваа година

Јули 2025 беше еден од најсилните месеци за криптопазарот оваа година, со пораст на вкупната пазарна капитализација од 13,3%. Растот беше поттикнат од тоа што Биткоинповеќепати достигна нови историски врвови,имаше зголемена институционална побарувачка за BTC, ETH и водечки алткоини, сè поголемо прифаќање на дигитални средства во корпоративните биланси и регулаторна јасност, заокружена со усвојувањето на големи американски закони за стабилните коини.

Додека Биткоин се консолидираше на рекордни нивоа, пазарната динамика се префрли кон алткоини, предводени од Ethereum. Растот на ETH беше поттикнат од рекордна 19-дневна серија на позитивни нето приливи во spot ETH ETFs, зголемена институционална активност со фјучерси и акумулација во корпоративните биланси. Во јули, доминацијата на BTC се намали за 5,2%,на 60,6%, додека уделот на алткоини се зголеми за речиси 10% – на 39,2%. Овој момент го означи првото големо пренасочување на капиталот годинава, поддржано созголемена подготвеност за преземање ризик, позитивни економски сигнали, очекувања за намалување на каматите стапки од ФЕД и постабилна пазарна средина во споредба со претходно.

ETH забележа одличен месец, со раст од над 50%, додека корпоративните инвестиции во ETH пораснаа за 127,7% на повеќе од 2,7 милиони ETH, што сега претставува 46,5% од целокупната количина на ETH држена во рамки на ETF фондови, со 24 нови компании кои го додадоа во своите биланси. Aналитичарите како главни причини ги наведоа приносите од staking, дефлацискиотмеханизам на ETH и растечкиот интерес за директна сопственост во однос на вложување преку пасивни ETF средства.

 

Историскиот GENIUS Act стана закон во САД во јули, создавајќи прва федерална рамка за целосно резервирани, AML-усогласени стабилни коини поддржани 1:1 со готовина или краткорочни државни обврзници. Ова гозабрза институционалното усвојување: JPMorgan го прошири својот пилот-проект за депозитни токени, Citi истражуваше токенизирани депозити за прекугранични плаќања, а Visaпотврди планови за продлабочување на интеграцијата на стабилни коини. Ончејн трансферите на стабилни коиниостанаа на рекордни нивоа, продолжувајќи да ја надминуваат мрежата на Visa уште од крајот на 2024 година и зацврстувајќи ја нивната улога како глобални платни канали.

Токенизираните акции исто така нагло пораснаа, достигнувајќи пазарна капитализација од 370 милиони долари, од кои 53,6 милиони долари концентрирани во средства како TSLA и SPY, што претставува раст од 220%во споредба со јуни. Активните ончејн адреси пораснаа од 1.600 на 90.000, одразувајќи ентузијазам сличен на раните денови на DeFi. Централизираните берзи моментално обработуваат над 70 пати поголем обем на тргување со токенизирани акции отколку ончејн платформите. Аналитичарите забележуваат дека ако само 1% од глобалните акции се токенизираат, пазарот би можел да надмине 1,3 трилиони долари, потенцијално градејќи мост помеѓу традиционалните финансии и пазарите потпомогнати од блокчејн технологија.

Со пренасочување на капитал кон алткоини, интеграцијатана ETH во корпоративните биланси и експанзијата на стабилните коинии токенизираните средства, го нагласија созревањето и диверзификацијата на криптопазарот, со регулаторната јасност како главен двигател на следната фаза од неговиот развој.

Извор: expres.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За рамнотежата меѓу политичките обврски и семејството, за секојдневните навики, ,,ритуали”, интервју на пратеничката Стаменкоска Трајкоска за Хит портал

Следно

Собраниската Комисија утре ќе формира тело за избор на нов претседател на Антикорупциска

Latest from Blog

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,
Go toTop