Битола инвестира во инфраструктура: Канализации, спортски објекти и енергетска ефикасност

August 12, 2025
1 min read

Во Битола во моментов се реализираат повеќе значајни градежни активности на различни локации со цел подобрување на инфраструктурата и јавните објекти во градот.

Меѓу главните проекти е изведбата на канализационата мрежа на улицата „Панде Кајзеро“ и водоводната мрежа во населбата СТУ3 – АРМ. Истовремено, се подготвува коловоз со тампонирање на улицата „11 Март“.

Во образовниот сектор се поставува енергетски ефикасна фасада на ОУ „Стив Наумов“, а на спортски план се работи на реконструкција на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ и на изградба на боксерска сала.

 

За најмладите граѓани се гради нова градинка во населбата АРМ, додека во сообраќајниот сектор е во тек изградбата на кружен тек кај „Ветеринарна“.

Дополнително, се изведува потпорен ѕид на улицата „Јорго Костовски“ за подобрување на безбедноста и стабилноста на теренот.

Овие активности се дел од континуираните напори за развој и модернизација на градот Битола.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Алиу: Одземањето на надлежностите на Стоматолошката комора е аргументирано

Следно

ВРЕДИ: Бујар Османи претставува симбол на дваесетгодишната корупција

Latest from Blog

Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

Македонија си постави амбициозна цел – до крајот на 2027 година да биде целосно интероперабилна со европскиот дигитален паричник. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на
Go toTop