Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“

August 12, 2025
1 min read

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека онколошките амбулантски терапии веќе се дисперзирани и наскоро ќе се почне со нивна примена во Тетово, во Битола, Штип и во ГОБ „8 Септември“.

-Прво почнавме во овие центри затоа што таму имаме онколози, професионалци, кои соработуваат и работат заедно со експертите од Клиничкиот центар, и еднаш неделно нашите колеги од тука одат во Битола, во Тетово и во Штип, најверојатно следната недела ќе имаме и во „8 Септември“, ќе се отвори Онколошкиот центар и таму ќе почнеме со примена на терапии, рече Алиу при посетата на ЈЗУ Клиника за урологија.

Министерот истакна дека ова е прва фаза и потребно е да се има и цел тим на луѓе, ако во случај се комплицира нешто при апсорпцијата на терапијата, така што, додаде, во прва фаза ќе треба да се инвестира и веќе проектот е готов, и се анализира се што е потребно.

-На пример во Битола имаме простор за да може да се купи само ЦТ симулатор и после да се почне со терапијата, исто така треба и дополнителни обуки за колегите што работат во Битола, Тетово и во Штип, исто така и во „8 Септември“. Таа е втората фаза, затоа почнавме од првата фаза сепак се работи за пациенти и многу сме претпазливи бидејќи освен што таа процедура е сензитивна, мора да бидеме претпазливи да знаеме дека чекорот што одиме напред е чекор што е анализиран и е сигурен за сите пациенти, истакна Алиу.

Додаде дека протоколот во Битолската болница е готов и оти лично ќе оди таму со директорот од Онкологија, каде што ќе се објасни протоколот и ќе се започнат обуки, се со цел да може истиот да се имплементира.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски истакна дека првиот чекор за децентрализација на онколошката терапија го направиле со позитивната листа.

-Два лека од болничка листа се префрлени во аптеки и 2.500 пациенти со рак на дојка веќе не мора да одат четири пати годишно на Клиниката за онкологија. Пациентите ќе можат да ја подигнат терапијата во најблиската аптека, и 10.000 прегледи помалку на Клиниката за онкологија бидејќи тука процесот е за двете страни за да се обезбедат и достоинствени услови на Клиниката за онкологија. Многу бргу ќе биде и вториот чекор со биолошката терапија, нагласи Клековски.

Министерот Алиу минатиот месец ја објави новината во онколошката грижа – третманот на пациенти со карцином веќе нема да биде ограничен само на Скопје. Онколошките услуги ќе бидат дисперзирани и во болниците во Штип, Тетово, Битола и ГОБ „8 Септември“. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Владата издвојува 170 милиони денари за инвертер клими за ранливите семејства

Следно

Дејан и Венцислав Недеви на семинар во Уругвај

Latest from Blog

Приведен возач во Македонска Каменица, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил малолетничка и избегал

Денеска (13.08.2025) во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение  Македонска Каменица го лишиле од слобода Г.А.(51) од Македонска Каменица. Тој се сомничи дека околу 23.00 часот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да се одважат и да кажат чија е јахтата со која се луксузираат на Егејското море

Луксузирањето, скапите јахти, скапите гоштевања и чаламот е секојдневието на Филипче и Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека додека од една страна СДС преку прес-конференции и соопштенија вели дека во

Навроцки повикува на забрана на украинските националистички симболи во Полска

Полскиот претседател Карол Навроцки денеска повика на забрана на симболите на Организацијата на украински националисти (ОУН) на Степан Бандера и нејзината вооружена фракција, Украинската бунтовничка армија (УПА) од Втората светска војна, како

Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа

Американскиот спортски портал „ESPN“ ги избра најдобрите тренери во Европа. Во изборот влегоа само тренерите кои се на чело на клуб најмалку една година. Оние кои водат национални тимови и оние кои
Go toTop