Балканот под инфлаторен бран – во дел од земјите на ЕУ инфлацијата е под контрола, се очекува да биде 2%

August 10, 2025
1 min read

Балканот освен по високи температури и по пожари, летово ќе го памети и по забрзување на инфлацијата. Скоро во сите земји од регионот таа има нагорна линија. Според податоците и проценките, во моментов највисока инфлација има во Македонија.

Ние во јули имавме годишна инфлација од 4,8 насто, но тука некаде се и Србија и Босна и Херцеговина со 4,6 отсто, Хрватска со 4,5, Косово со 4,3 и Црна Гора со 4,2.

Но за добар дел од земјите, за Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и  Албанија податоците се за јуни, додека за Македонија за јули. За Грција, Словенија и Хрватска, е проценка за јули.

Исто така, кај земјите од регионот кои се дел од Европската Унија, инфлацијата поизразено забрзува, додека кај останатите кои не се на Балканот или е на нивото на претходните месеци или незначително расте. Сепак, исклучок е Естонија која има рекордно висока инфлација од 5,6 насто. Ова се должи на зголемувањето на Данокот на додадена вредност и на акцизите за тутун и алкохол.

Но, во добар дел од земјите, пред се во Германија, Белгија и Холандија таа забавува, додека во Франција и Италија нема промена. Во овие две земји, како и во Германија инфлацијата е под просекот во Еврозоната која изнесува 2 отсто.

Инаку, заедничко за Словенија, Хрватска и Грција е што инфлацијата се зголемува поради летната сезона и поскапите услуги, како туризам, сместување и угостителство. Кај Грција и Словенија дополнително влијае цената на електричната енергија, додека во Хрватска дополнителен подгревач на инфлацијата во јули е цената на храната.

И Македонија, според Народната банка има слични причини за повисока инфлација.

„Како што забележавме од податоците во јуни, единствено се сега концентрирани на домашните фактори, домашната побарувачка, која што притиска на растот на цените и на цените на храната.“, вели Трајко Славески.

И од Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс Тинк“ сметаат дека домашната побарувачка диктирана од потрошувачката на граѓаните е главна причина за забрзување на инфлацијата, а не дека е цената на храната, иако таа значително расте во јули. Сепак ако се погледне структурата на поскапувањето на храната, најмногу цените пораснале на овошјето како и кај рибата и морските плодови, додека кај другите производи има незначително зголемување или намалување.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Опасна игра на ДПМНЕ, ја претвори МНАВ во приватна партиска филијала со цел куп вработени без соодветно знаење, колку патниците се безбедни

Следно

Србија оствари рекордна победа против Кипар

Latest from Blog

Она што стрелецот на голот за БиХ го направи вечерва никој го нема направено од 1966 на Мундијалите!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nfsbih/ „Змејовите“ беа во водство до 79-тата минута, но Канада лесно можеше да го земе целиот плен. Сепак, резултатот остана 1:1, а единствениот гол за „Змејовите“ го постигна Јово Лукиќ во 21.

Зеленски: Пешадијата на фронтот би можела да заработува до 6.000 евра месечно

Овие потези доаѓаат во време кога армијата се соочува со сериозен недостиг на персонал по четиригодишната војна со Русија, објави Ројтерс. Владата на Зеленски објави во мај дека ќе разгледа можни мерки

За нови избори се токмат десетици нови правила

На евентуалните предвремени парламентарни избори кои сè повеќе се најавуваат од страна на првиот човек на Владата, Христијан Мицкоски, може да се оди со неколку десетици нови изборни правила. Носењето нови изборни

Проданоски: Прилеп 60 години е чувар на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Со свеченото доделување на наградите, вечерва беше затворено јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, манифестација која веќе шест децении претставува еден од најзначајните столбови на македонската култура и театарска
Go toTop