И независните ќе учествуваат на локалните избори?

August 10, 2025
2 mins read

На локалните избори ќе може да учествуваат и независни (непартиски) кандидати за градоначалници и листи за советници.

Ова може да се протолкува од изјавата што по усвојувањето на роковите за локалните избори попладнево ја даде претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко. Повикувајќи се на членот 60 од Изборниот законик, тој рече дека ДИК нема право никому да му го ускрати законското право за учество на избори.

„Согласно Уставот и Законот, секој има еднакво избирачко право да бира и да биде избран. Значи, ДИК нема право и никому не му го ускратува законското право за учество на избори. Членот 60 постои во Изборниот законик, тој е јавен и достапен за сите. Значи сите – и политички партии и коалиции и група избирачи, согласно членот 60, имаат право да учествуаат на изборите“,изјави Кондарко.

Тој ова го кажа давајќи појаснување на еден од заклучоците усвоени на денешната седница на ДИК, со кој надвор од сила се става Правилникот на ДИК за регулирање на постапката за собирање потписи.

Ставањето вон сила на ваквиот правилник, како што рече Кондарко, е согласно одлуката на Уставниот суд со која се укинаа членовите од Изборниот законик со кои се зголемија квотите на граѓански потписи кои требаше да ги соберат независните кандидати за градоначалници и листи за советници за учество на изборите.

„Во случајов не се работи за никаква одлука на ДИК, туку за директна примена на законот. Упатството се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со кој се укинати членовите 61 и 62 на Изборниот законик за собирањето потписи, односно за процентот и бројот на потребни потписи за кандидирање на листи“,изјави претседателот на ДИК.

Член 60 став 1 од Изборниот законик, на кој се повикува Кондарко во својата изјава, гласи:

„Право да поднесат листа на кандидати за пратеници, листа на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник имаат регистрираните политички партии самостојно, коалиции, како и група избирачи.“

Неизвесноста околу (не)учеството на независните кандидати на овогодишните локални избори настана откако во мај годинава Уставниот суд ги укина членовите 61 и 62 од Изборниот законик со кои се зголемија квотите на граѓански потписи кои требаше да ги соберат независните за да учествуваат на избори. Корпусот на измени на Изборниот законик, меѓу кои и овие, беа донесени во март минатата година, во пресрет на претседателските и парламентарните избори, а требаше да важат за годинашниве локални избори.

Собранието, во меѓувреме, не донесе измени во Изборниот законик.

Дека независните ќе може да учествуваат на изборите без потписи неодамна изјави универзитетскиот професор Денис Прешова во интервју за „Призма“. Тој, исто така, се повика на членот 60 од Изборниот законик, додавајќи дека независните имаат законско право да поднесуваат листи на кандидати без да собираат потписи бидејќи ИЗ во моментов не предвидува колкав број или процент на потписи е потребен за поднесување листа на кандидати.

Инаку, претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ги распиша изборите. Првиот круг од гласањето за градоначалници ќе се одржи на 19 октомври, кога ќе се гласа и за советничките листи. Втор круг за градоначалници ќе има на 2 ноември.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем пожар на југот на Албанија, евакуирани села

Следно

ВИДЕО Убиство во Тетово

Latest from Blog

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на
Go toTop