Мумбру: Србија е прв фаворит за златниот медал на Евробаскетот

August 9, 2025
1 min read

Шпанецот Алекс Мумбру на клупата на германската кошаркарска репрезентација смета дека Србија е прв фаворит за златниот медал на претстојниот Евробаскет. Германската репрезентација под водство на Гордон Херберт ја освои титулата светски првак 2023, а на Олимписките игри во Париз заврши на четвртото место.

Предизвикот за новиот селектор Мумбру е голем во пресрет на Европското првенство. Неговата репрезентација во пријателски дуел ја совлада Словенија со 103:89 и тоа без клучните играчи Денис Шредер и Даниел Тајс.

Мумбру смета дека неговата репрезентација е подготвена за големи дострели, но дека Србија и Франција се првите фаворити.

– Србија е најголем фаворит поради составот. Имаат многу НБА играчи и можат да бираат меѓу 15-16 играчи и никој нема да биде вишок. Јокиќ со сигурност е најдобриот играч во НБА и во Европа, изјави Мумбру.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДИК: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, изборната кампањата почнува на 29 септември

Следно

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop