Оставен отпад на паркинзи и зелени површини во Ново Лисиче

March 6, 2023
1 min read

Утрово отпад на паркинзи и зелени површини во општина Аеродром, алармираа од општината. 

-Утринава по којзнае кој пат бевме сведоци на лоши слики од населбата Ново Лисиче, каде во околина на контејнерите беше забележана голема количина кабаст и други видови отпад, кои наместо да бидат одложени според утврдената процедура, се оставаат на паркинзи и на зелени површини. Го осудуваме ваквото однесување и повторно апелираме до граѓаните да водат грижа за јавните површини, за својата околина и местата на кои секојдневно се движат, велат од локалната самоуправа.

Порачаа дека службите на Општина Аеродром секојдневно се на терен и се грижат за одржувањето на чистотата на највисоко ниво, но неопходно е да постои свест и грижа кај секој од нас.

– За фрлање на кабастиот отпад постојат утврдени процедури од страна на јавното претпријатие Комунална Хигиена – Скопје. Повеќе информации за достапни на нивниот веб сајт. Напоменуваме дека за несоодветното одложување кабаст отпад предвидена е соодветна санкција која ја изрекуваат општинските инспекциски служби, велат од општина Аеродром. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Саудиска Арабија депонираше 5 милијарди долари во турската Централна банка

Следно

Белорускиот суд ја осуди опозициската лидерка Светлана Тихановскаja на 15 години затвор

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период
Go toTop