„Визер“ авион се врати на скопскиот аеродром по удар во јато птици

August 8, 2025
1 min read

Авион од типот „Ербас А320-232“ на авиокомпанијата „Визер“ во средата попладне, непосредно по полетувањето од Меѓународниот аеродром Скопје кон Базел, се вратил и слетал поради удар во јато птици. Инцидентот се случил околу 18 часот, а леталото и натаму е приземјено на аеродромот, пишува СДК.мк

Според првичните информации од воздухопловните власти, судирот – најверојатно со поголема птица – предизвикал вибрации на еден од моторите поради искривување на перките. Иако двата мотора работеле нормално и немало потреба од прогласување вонредна состојба, капетанот, следејќи ги стандардните безбедносни процедури, одлучил од претпазливост да го врати авионот во Скопје. Патниците излегле без никакви проблеми.

Контролата и оддалечувањето на птиците од пистите е обврска на службите на концесионерот на македонските аеродроми, компанијата ТАВ, кои користат и специјални воздушни топови за плашење. Сепак, во последно време е забележан пораст на присуство на птици во околината на аеродромот, а дел од нив се адаптирале на досегашните мерки.

Судирите на авиони со птици се релативно чести, особено во периоди на миграција. Според Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), околу 90% од ваквите инциденти се случуваат во близина на аеродромите, при полетување, слетување или на пониски височини. Иако модерните мотори се конструирани да издржат удар од помали птици, контакт со поголема птица или цело јато може да предизвика сериозни оштетувања, вклучувајќи свиткани или скршени перки, внатрешни дефекти, па дури и откажување или пожар на моторот.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Велика Британија на 8 октомври ќе биде домаќин на самит за Западен Балкан

Следно

Никола Ристаноски ќе одржи мастерклас на фестивалот „Дрим шорт“ во Струга

Latest from Blog

Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

Македонија си постави амбициозна цел – до крајот на 2027 година да биде целосно интероперабилна со европскиот дигитален паричник. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на
Go toTop