Зголемени температури во следните неколку дена – МЗ: да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

August 7, 2025
1 min read

Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 8 до 13 август, 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39°C.

По тој повод, потсетуваме за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури:

• Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

• Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.

• Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и очи.

• Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот.

• Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури.

• Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.

• Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот.

• Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот.

Министерството внимателно ја следи состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лазар Ристовски, лауреат на фестивалот „Преку езерото“: Наградата „Мето Јовановски“ носи име на голем актер, жалам што немам филм со него

Следно

Турскиот претседател Ердоган го пречека сенегалскиот премиер Сонко во Анкара

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop