Мали грчки острови размислуваат да воведат туристичка такса за еднодневните посети

August 6, 2025
1 min read

Малите грчки острови Пакси и Итака во Јонското море, размислуваат за можноста да побараат воведување специјална такса за еднодневни посети на туристите поради прекумерниот туризам, следејќи го примерот на островот Сими, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Градоначалникот на Сими, малиот остров во непосредна близина на Родос и на турското крајбрежје, минатиот месец побарал дозвола од Министерството за внатрешни работи на Грција да воведе такса од три евра за посетителите што доаѓаат на еден ден, а овој пример можно е да го следат и Пакси и Итака.

„Катимерини“ пишува дека градоначалниците на двата острови ја чекаат разврската на иницијативата на Сими, а потоа ќе ги донесат и нивните одлуки.

Градоначалникот на Пакси Спиридон Влахопулос за весникот рекол дека доколку Владата, преку Министерството за внатрешни работи дозволи да се воведе ваква такса, тогаш е подготвен конкретното прашање да го покрене и на состанокот на општинскиот совет за да се донесе одлука.

Од друга страна, градоначалникот на Итака, Дионисис Станицас посочил дека на крајот од сезоната ќе се оцени конкретната можност.

Пакси, Итака, како и Сими се мали острови со 2.500 – 3.000 жители, а секоја година се соочуваат со огромен број туристи, а евентуалното воведување такса за туристите кои на еден ден пристигнуваат на островите без да преноќат, би имало за цел зајакнување на основните услуги на островите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Турција е лидер во светот во археолошки откритија“

Следно

Скопје ќе биде светска ракометна престолнина во 2026: Македонија домаќин на Светското училишно првенство

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop