Поништена казната на возачот што возел пребрзо во Франција бидејќи ја носел во болница сопругата која се пораѓала

August 6, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Поништена е казната што му била изречена на возачот што го надминал ограничувањето на брзината во Франција бидејќи се обидувал да ја однесе во болница сопругата која почнала да се пораѓа, известува Анадолу.

Според локалните медиуми, на 12 јули возачот ја надминал дозволената брзина на обиколницата кај Жуе ле Тур, во департманот Ендр и Лоара.

Возачот, фатен на радар со 130 километри на час на патот каде што ограничувањето на брзината изнесува 90 километри на час, е казнет со 135 евра.

Националната полиција на Ендр и Лоара на својот профил на платформата X објави дека возачот, Дамиен, бил откриен како се обидува да ја однесе во болница сопругата, која почнала да се пораѓа, дента кога бил казнет за пречекорување на ограничувањето на брзината.

Во објавата се вели дека бебето, по име Нино, се родило во автомобилот пред да стигнат до болница. Во продолжение се додава дека казната од 135 евра се поништува земајќи ги предвид вонредните околности и итната потреба во тој момент.

Во објавата полицијата нагласува дека безбедноста на патиштата е „приоритет“, но дека некои ситуации треба да се решаваат „хумано и со здрав разум“, а вклучена е и фразата:

„Добре дојде Нино и честитки до семејството што го овековечи овој незаборавен момент со радарска камера!“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Малвер-замки во 2025 година: Како еден клик може да ве чини многу крипто-средства

Следно

Шкупи не ги исполнил минималните услови за ВАР-системот, ќе мора да бара алтернативен стадион

Latest from Blog

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да

Коњановски на терен со директорите на јавните претпријатија по обилните врнежи

По силното невреме кое синоќа ја зафати Битола и околината, при што наврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, екипите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ се ангажирани на терен

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во
Go toTop