Арсовска: Дел од блокадите на превозниците беа поради лични, а дел поради политички мотиви

March 6, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска кажа дека е распишан оглас на кој очекува да се пријават приватните превозници.

– Дел од блокадите беа поради лични, а дел поради политички мотиви. Не навлегувам во манипулациите кои беа пласирани во јавноста. Вие кога имате склучено договор, за тој договор имате авансно фактурирање, тоа се недостасани обврски. За сето тоа кое што е тековно побарување од новиот договор и од претходниот договор јавните превозници и ЈСП најдоа заеднички начин да продолжат понатаму, кажа Арсовска.

Арсовска најави дека се трудат и да се обнови застарениот дел од возниот парк и кај приватниците.

– Сакаме да се прилагодиме во целост на оние еко-стандарди што се неопходни за граѓаните да имаат не само квалитетен и брз јавен превоз туку еколошки јавен превоз кој што ќе биде во насока на тоа да имаме почиста и поздрава животна средина, кажа градоначалничката.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Седум лица загинаа во оружен напад во Хондурас

Следно

ФСБ: Спречен обид на украинските служби да го убијат рускиот милијардер Малофеев

Latest from Blog

Градоначалникот Коњановски во директен дијалог со жителите на урбаните заедници

Денес градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средби со граѓаните од урбаните заедници Димитар Влахов, Ѓорги Наумов и Кочо Десано. Преку кампањата „Предложи идеја“, граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите

Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни
Go toTop