Ќе има ли санкции за дебаклот во организацијата на младинската олимпијада?

August 4, 2025
1 min read

Откако откри дека побарал младинската олимпијада да се откаже или во најдобар случај да се намали бројот на учесници, министерот за спорт Борко Ристовски – денеска со ново барање.

Да се направи анализа на целиот настан за да се утврди кој и каде погрешеил во организацијата на манифестацијата…Вчера, во интервју за радио слободна европа – Ристевски ги отфрли наводите дека се одговорни за лошата организација и порача дека нема законски мерки ниту можности, министерството со кое раководи за да биде организатор на младинската олимипијада..Нивна задача била само да обезбедат логистичка поддршка…

борко ристовски – министер за спорт

„Мислам дека организацијата беше делимично коректна, меѓутоа се направија некои дополнителни , непотребни политички моменти кои што опозицијата проба да ги искористи меѓутоа пак ќе повторам сето тоа оди на штета на државата и на тоа како државата ја преставуваме и дома и надвор. “

Опозицијата веднаш побара оставка од Ристовски и го обвини дека дозволил Македонија да биде понижена и пред очите на меѓународната спортска јавност, преставена како земја од 19-от век …А додека во изминатава недела имаше секојдневни обвинувања на релација министер – градоначалник на Скопје – опозиција, за тоа кој е одговорен , Асоцијацијата на Национални Олимписки Комитети непосредно по завршувањето на настанот му честиташе на Организацискиот комитет за успешната организација… Во Јавноста сепак најмногу забелешки имаше за слабата промоција на настан од ваков калибар и дека се дозна за олимпијадата само неколку дена пред да почнат натпреварите…

Од 20 до 26 јули, Скопје и Куманово беа домаќини на преку 4.000 млади спортисти од 49 европски земји..Најдобра репрезентација беше Италија со освоени 19 златни, 19 сребрени и 12 бронзени медали…Паднаа и неколку светски и европски рекорди…Естонката Алика Инкери Мозер постигна светски рекорд во скок со стап а  Турчинката Елиф Берфин Алтун е нов европски рекордер во стрелаштво со воздушна пушка..

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турција: Готвач од Адана подготви суши додека леташе со параглајдер

Следно

Српска амбасада во Скопје: „Олуја“ е најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна

Latest from Blog

Барса со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Барселона фантастично ја започнаа новата сезона со убедлива победа против екипата на Елче со 0:5. Момците на Ханси Флик покажаа класа и најавија уште една сезона во која што ќе

ИРАН ЈА НАПАДНА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, четири дена не можат да се опорават

Хакери поврзани со Иран успеаја целосно да ја запрат работата на британска електрана дури четири дена, што се смета за еден од најсериозните сајбер напади врз енергетската инфраструктура на Обединетото Кралство, објави

Интересно: Фановите на Марсеј ја славеа титулата на Шпанија? (ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Навивачите на Олимпик Марсеј изненадија со чудна претстава за време на првиот натпревар на тимот во сезоната во Лига 1. Некои од навивачите на „Велодром“ извадија огромна кореографија во чест на

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со иранскиот парламент, изјави дека Иран добил покана да се приклучи на договорот во Мека и дека прашањето се разгледува. Рахими рече дека земјите
Go toTop