Атинскиот градоначалник до израелскиот амбасадор во Атина: Не прифаќаме лекции по демократија од оние кои убиваат цивили

August 4, 2025
1 min read

Не прифаќаме лекции по демократија од оние кои убиваат цивили, напиша на Икс атинскиот градоначалник Харис Дукас, реагирајќи на интервјуто за „Катимерини“ на амбасадорот на Израел во Грција Ноам Кац, кој рече дека градоначалникот не прави доволно за да ги заштити посетителите од одредени групи и не го чисти градот од графити поради кои израелските туристи не се чувствуваат пријатно, јави дописничката на МИА од Атина.

Дукас посочува дека Атина, главниот град на демократска земја, „целосно ги почитува своите посетители и го поддржува правото на слободно изразување на своите граѓани“.

-Како локална власт на градот, ја имаме покажано нашата активна спротивставеност на насилството и расизмот и не прифаќаме лекции по демократија од оние кои убиваат цивили и деца додека чекаат во редици за храна, од оние кои секојдневно водат до смрт десетици луѓе во Газа – од бомби, глад и жед. Предизвикува згрозеност тоа што амбасадорот се фокусира само на графитите (кои очигледно се бришат), во време кога во Газа се случува невиден геноцид, напиша Дукас на Икс.

Додаде дека го информира амбасадорот и дека во последната година за над 90 отсто се зголемил бројот на Израелци кои добиле грчка „Златна виза“.

Израелскиот амбасадор во Грција, говорејќи за „Катимерини“ упати критики до Дукас, дека како градоначалник на Атина не прави доволно за да го заштити градот од организираните мали групи и не го чисти градот што „ги прави израелските туристи да се не чувствуваат пријатно“.

Дополнително вели дека графитите како оние „убивајте ционисти, спасете животи“ во пракса се „повик за акција и, се разбира, затоа се антисемитски“.

Сепак, посочува дека генерално властите функционираат на избалансиран начин и го штитат правото на граѓаните да протестираат, како и на посетителите, и дека израелските туристи особено се чувствуваат удобно и добредојдени на повеќето острови.

Во изминатиот период имаше низа протести како во Атина, така и на островите Сирос, Родос и Крит против израелските туристи и официјалната политика на Израел и за поддршка на палестинскиот народ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Eзерото Ван во Турција е дом на стотици фламинга во текот на летото

Следно

Реакција на Вал Зека до Али Ахмети: Доста веќе со лаги – каде беше кога Албанците се убиваа во Куманово?

Latest from Blog

„Секој граѓанин е важен“ – Тоневски на стартот на мандатот во Пробиштип

Со голема чест и одговорност, Тони Тоневски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Пробиштип, нагласувајќи дека оваа позиција не е привилегија, туку обврска која се носи со посветеност и почит кон сите

ИМА БЛОКАДИ НО, ИМА И ИНВЕСТИЦИИ ПРОТИВ БЛОКАДИТЕ: Кинези во Србија ќе градат фабрика на 100 хектари

Кинескиот текстилен гигант„Гуан Нан“ најави изградба на фабрика во Србија. Инвестицијата ја потврди и потпретседателката на српската влада и министер за економија Адријана Месаровиќ за време на посетата на Изложбениот центар за

Околку 700 полицајци беа ангажирани, шестмина лица се уапсени пред мечот Астон Вила и Макаби

Шест лица беа уапсени во близина на Вила Парк во Бирмингем за време на неколку про-израелски и про-палестински протести. Протестите се одржаа пред натпреварот од четвртото коло на Лигата на Европа помеѓу

Баланс+ – за подобра исхрана и квалитетен живот кај лицата со дијабет

Функционалниот јогурт Баланс+ ја продолжува својата мисија за промоција на здрав и балансиран начин на живот, насочувајќи ја својата поддршка кон лицата со дијабет. Преку брендот Баланс+, Бимилк обезбедува поддршка за едукација
Go toTop