Најмалку 55 мигранти загинаа при превртување на чамец кај брегот на Јемен

August 4, 2025
1 min read

САНА/ИСТАНБУЛ (AA) – Најмалку 55 нерегуларни африкански мигранти загинаа вчера кога чамецот што ги превезувал се превртел во близина на брегот на јеменската покраина Абјан, соопштија официјални лица, јавува Анадолу.

Според безбедносен извор за Анадолу, чамецот, кој пренесувал десетици мигранти – најмногу од Етиопија – потонал на разденување поради лошите временски услови.

Абдел Кадер Баџамил, директор на Здравствената канцеларија во Зинџибар, главниот град на покраината, за Анадолу изјави дека се пронајдени телата на 54 Етиопјани и еден Јеменец. Властите сè уште бараат десетици исчезнати патници.

Баџамил рече дека сите жртви се погребани.

Претходно вчера полицијата во Абјан соопшти дека спасувачките екипи спроведуваат голема хуманитарна операција за пронаоѓање на телата, додавајќи дека мигрантите се обиделе да стигнат до Јемен преку шверцерски брод од Африканскиот Рог.

Според новинската агенција „Јемен виндоу“, телата на 25 етиопски мигранти биле извлечени од бреговите на градовите Шакра и Зинџибар.

Меѓународната организација за миграција (IOM) соопшти дека само во 2024 година, над 60.000 илегални мигранти пристигнале во Јемен.

Јемен претставува честа дестинација за стотици мигранти од Африканскиот Рог, особено од Сомалија и Етиопија, кои се одлучуваат на опасното патување со надеж дека ќе стигнат до земјите од Заливот за подобри животни услови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локални невремиња – температурите до 32 степени

Следно

Шахистите на Алкалоид водечки по четири кола на државното првенство

Latest from Blog

Барса со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Барселона фантастично ја започнаа новата сезона со убедлива победа против екипата на Елче со 0:5. Момците на Ханси Флик покажаа класа и најавија уште една сезона во која што ќе

ИРАН ЈА НАПАДНА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, четири дена не можат да се опорават

Хакери поврзани со Иран успеаја целосно да ја запрат работата на британска електрана дури четири дена, што се смета за еден од најсериозните сајбер напади врз енергетската инфраструктура на Обединетото Кралство, објави

Интересно: Фановите на Марсеј ја славеа титулата на Шпанија? (ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Навивачите на Олимпик Марсеј изненадија со чудна претстава за време на првиот натпревар на тимот во сезоната во Лига 1. Некои од навивачите на „Велодром“ извадија огромна кореографија во чест на

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со иранскиот парламент, изјави дека Иран добил покана да се приклучи на договорот во Мека и дека прашањето се разгледува. Рахими рече дека земјите
Go toTop