Шахистите на Алкалоид водечки по четири кола на државното првенство

August 4, 2025
1 min read

Алкалоид е лидер на табелата во двете конкуренции на екипното првенство на Македонија во шах по четири одиграни кола.

На женскиот турнир има шест пријавени екипи и ќе се играат вкупно пет кола според Бергеровиот систем, што значи дека дамите се пред освојување на титулата, но останува последната пречка, секогаш незгодната екипа на ШК Неготино. Досега фармацевтките извојуваа три победи со максимален резултат од 4:0 и една од 3:1 против шахистките на „Центар“, кои лани при ист број поени беа прогласени за првопласирани по аплицирањето дополнителни критериуми.

На првите две табли повторно играат шахистките од Грузија, ИМ Лела Јавакашвили и ВМ Бела Котенашвили, додека, пак, на другите табли ротираа искусните ЖИМ Габриела Коскоска и ЖФМ Моника Стојковска, заедно со талентираните ЖФМ Моника Жежовска и Леа Ефтовска.

Оваа година за првпат требаше да има десет екипи во машка конкуренција, но поради откажување на две, во конкуренција се осум тима и ќе се играат вкупно седум кола според Бергеровиот систем. Алкалоид е лидер со максимални осум бода.

Хит на турнирот се младите шахисти на ШК Мулти Есенс, кои минатата година се вклучија во системот на натпреварување со новоформиранот тим, а преку квалификациите за Втората лига и потоа преку настапот во Втората лига изборија пласман во елитното друштво. Тие вчера во 4. коло го надиграа ШК Шкупи со 4,5 : 1,5, но вистинска сензација се случи во првото коло кога ремизираа со ШК Гамбит, при што испуштија и шанса за победа. Во моментов тие се на втората позиција на табелата со 7 бода.

Партиите од петтото коло се играат в понеделник со почеток од 16 часот, а играчите имаат на располагање 90 минути за целата партија, плус 30 секунди за секој одигран потег.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Најмалку 55 мигранти загинаа при превртување на чамец кај брегот на Јемен

Следно

Eзерото Ван во Турција е дом на стотици фламинга во текот на летото

Latest from Blog

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес
Go toTop