12-годишно девојче од Кина освои медал на СП

August 2, 2025
1 min read

Дванаесетгодишната ученичка Ју Зиди стана најмладиот освојувач на медал на светските првенства во пливање откако Кина беше трета на штафетната трка на 4х200 метри слободно. Зиди не пливаше во финалето, но беше дел од квалификациските трки, со што доби право на медал.

САД го освоија златото во Сингапур, а втора беше Австралија.Зиди е најмладиот медалист на големите пливачки натпреварувања од Данката Инге Соренсен, која освоила бронза на Олимписките игри во 1936 помалку од еден месец откако наполнила 12 години.

„Ова е убаво чувство“, кратко изјави Зиди, која во октомври ќе наполни 13 години.Таа за малку испушти медал на 200 метри пеперутка, завршувајќи на четвртото место со заостаток од само шест стотинки зад третата позиција.
Учеството на Зиди на Светското првенство во Сингапур донесе поделени мислења. Натпреварувачите на шампионатот мора да имаат најмалку 14 години, но на Зиди ѝ беше дозволено да учествува бидејќи нејзините времиња ги исполнуваа А-стандардите на Светската пливачка федерација. Во мај, таа постави нов светски рекорд за 12-годишници на 200 метри мешано.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разрешувањето на обвинителот Коцевски е театар за граѓаните осмислен од Мицкоски, како да не знаеше кога ќе бидат изборите

Следно

Во Крушево, Пелинце и Скопје се слават трите Илиндени

Latest from Blog

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено
Go toTop