Ердоган: Меѓународната заедница има голема одговорност за воспоставување итен прекин на огнот во Газа

August 1, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Меѓународната заедница има голема одговорност да воспостави итен прекин на огнот во Газа и да достави хуманитарна помош во регионот што е можно поскоро, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Изјавите на Ердоган дојдоа за време на трилатералниот самит во Истанбул со италијанската премиерка Џорџа Мелони и премиерот на либиската Влада на национално единство, Абдул Хамид Дбејбе, соопшти Директоратот за комуникации на Турција на X.

Нагласувајќи ја агресијата на Израел и хуманитарната трагедија во Газа, Ердоган рече дека единственото трајно решение е воспоставување суверена, независна и географски интегрирана држава Палестина со Источен Ерусалим како главен град, врз основа на границите од 1967 година.

На самитот е дискутирано и за соработката меѓу земјите, како и за регионалните прашања, се наведува од Директоратот.

Турскиот претседател ја истакна важноста на соработката меѓу трите земји во справувањето со предизвиците со кои се соочува регионот на Медитеранот, вклучително и движењата на нерегуларната миграција.

Тој додаде дека се потребни долгорочни и одржливи решенија, како и мултилатерална координација, со цел да се искорени изворот на нерегуларната миграција.

За време на самитот одлучено е лидерите да се состанат за да ги разгледаат одлуките донесени по заседавањето на комисиите за соработка, се наведува понатаму.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутална офанзива врз Газа од 7 октомври 2023 година, во којашто убиени се над 60.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца. Немилосрдното бомбардирање ја уништи енклавата и доведе до недостиг на храна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Историската куќа на Агата Кристи во Багдад во опасност од уривање

Следно

Охрид во претпразнично расположение

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop