Шукова: Поголема поддршка на независната културна сцена во Скопје

August 1, 2025
1 min read

Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, одржа средба со претставниците на независната културна сцена од Културно-социјалниот простор „Јадро“, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат претставниците на независната културна сцена. 

Шукова на средбата посочи дека тие се едни од клучните двигатели на креативниот развој, иновацијата и демократските вредности во нашето општество.

„Како кандидат за градоначалник на Град Скопје, чувствувам одговорност да најавам поголема поддршка за работата на независната културна сцена. Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град – во неговата креативност и човечност“, рече Шукова.

На средбата, Шукова посочи дека за развојот на независната културна сцена е важно да се создадат слични вакви културни јадра и во другите општини, а дополнително се отвори и прашањето за можноста за зголемување на финансиската поддршка.

„Независната културна сцена претставува важен двигател на културниот и општествениот развој на Скопје и затоа сметам дека заслужува поддршка. Потребно е да се обезбедат услови за проширување на просторните капацитети но и да се размислува за отворање на слични културни јадра и во другите општини. Затоа и ќе се заложам за обезбедување поддршка не само во простор, туку и зголемена финансиска поддршка за програмските активности на независната сцена која активно твори и придонесува за културниот живот во градот Скопје“, рече Шукова.

Културно-социјалниот простор – Јадро е професионална, отворена и инклузивна платформа која во континуитет ги поддржува уметниците, културните работници, граѓанските организации и граѓаните. Со повеќе од 100 културни настани во текот на годината, оваа установа е модел за успешна соработка помеѓу локалната власт во општина Центар и културната сцена.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трилатерален самит на Турција, Италија и Либија во Истанбул

Следно

Заклучок од седницата на Советот за безбедност: „Состојбата е стабилна, не се очекуваат безбедносни проблеми“

Latest from Blog

ЛДП: Со пари на народот го направија скопскиот аеродром единствен негативен преседан во целиот регион

Владата на ВМРО-ДПМНЕ излажа дека ќе се бори против монополите и дека ќе се залага за пазарна диверзификација, а го направи токму спротивното. Со пари извадени директно од џебот на даночните обврзници,

Што навистина купуваме? По случајот во Косово, време е внимателно да ги читаме декларациите

Случајот со млечните производи во Косово, каде кај дел од анализираните производи беа откриени состојки кои не биле соодветно наведени на декларацијата, отвори едно многу едноставно прашање: колку навистина знаеме што купуваме

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации

Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи
Go toTop