Заклучок од седницата на Советот за безбедност: „Состојбата е стабилна, не се очекуваат безбедносни проблеми“

August 1, 2025
1 min read

Претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова, изјави дека состојбата е стабилна и под контрола, и оти не се очекуваат закани по безбедноста. Таа нагласи дека проблемите во соседството – институционалната криза во Косово и ситуацијата во Србија – немаат директно влијание врз земјава.

„Политичката состојба во Косово, како што знаете, е во институционална криза поради неможноста за конституирање на државните органи, а исто така и во соседна Србија има сериозни проблеми. Сепак, врз основа на аргументите и податоците, заклучивме дека овие предизвици не претставуваат закана по безбедноста на Северна Македонија“, изјави претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова се осврна и на пожарите, кои според неа, во најголем дел не се последица на високите температури, туку постојат сомнежи дека се подметнати. Истрагата е во тек, а во седницата учествуваше и Стојанче Ангелов од Дирекцијата за заштита и спасување.

„Голем дел од пожарите не се предизвикани од високите температури, туку има основани сомнежи дека се намерно подметнати. Се разбира, бидејќи станува збор за предистражна постапка, сè уште се работи со претпоставки“, изјави претседателката Гордана Силјановска Давкова.

На седницата на Советот за безбедност, на покана на претседателката, присуствуваа директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева.

„Иако не беше на дневен ред, на седницата на Советот за безбедност беше спомнат и процесот на локалните избори. Претседателката посочи дека не смее да се дозволи ослободување на криминалци од затвор, нешто што, како што рече, се случувало во претходни изборни кампањи“, пренесува репортерот на ТВ21, Аднан Ќаили.

Членови на Советот за безбедност, по функција, се: Африм Гаши – претседател на Собранието, Христијан Мицкоски – претседател на Владата, Панче Тошковски – министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски – министер за одбрана, како и тројцата членови назначени од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска-Јорданова и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, не присуствуваше поради службено патување во странство.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Шукова: Поголема поддршка на независната културна сцена во Скопје

Следно

Историската куќа на Агата Кристи во Багдад во опасност од уривање

Latest from Blog

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и
Go toTop