Палестинците под израелска блокада се собираат кај коридорот Нецарим за да најдат храна

August 1, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Палестинците, кои страдаат под немилосрдните израелски напади и израелската блокада, се собраа кај коридорот Нецарим за да земат дел од ограничените количини храна во градот Газа, јавува Анадолу.

Додека гладот продолжува да се шири низ Газа, жителите очајно се обидуваат да дојдат до основните средства за живот на дистрибутивните точки за хуманитарна помош, која пак не може да ги задоволи растечките хуманитарни потреби.

Појасот Газа, кој е под израелски напади и цврста опсада и блокада што го ограничува влезот на хуманитарна помош, доживува хуманитарна катастрофа, со широко распространет глад и недостиг на вода, лекови, медицински материјали и хигиенски средства.

Од почетокот на геноцидната војна на Израел на 7 октомври 2023 година, најмалку 160 Палестинци, од кои 91 дете, починале од глад и неисхранетост, според Министерството за здравство на Газа.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската Армија спроведува брутална офанзива во Газа од 7 октомври 2023 година, во која се убиени над 60.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија наместо 33, доби 15 отсто царини – Мицкоски: Благодарам на САД што ја корегираа тарифата

Следно

Ла Лига ја исполни заканата: Го одби барањето на Реал Мадрид

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop