Во Авганистан младите мажи по распустот се вратија на универзитетите, но не и девојките

March 6, 2023
1 min read

Младите мажи денеска продолжија со предавањата на авганистанските универзитети кои повторно беа отворени по долгиот зимски распуст, за разлика од девојките на кои, на нивно разочарување, талибанскиот режим сè уште не им дозволува да студираат.

Забраната за пристап до универзитет е едно од безбројните ограничувања на правата на жените усвоени од талибанците откако дојдоа на власт во август 2021 година.

Забраната предизвика бран осуди низ целиот свет, вклучително и од муслиманските земји.

– Срцето ми се крши кога гледам како момчињата одат на универзитет додека ние остануваме дома. Тоа е целосна сексуална дискриминација кон девојчињата, бидејќи исламот ни дозволува да се образуваме и да бидеме дел од општеството, изјави 22-годишната Рахела.

Авганистанското Министерство за високо образование кон крајот на декември соопшти дека универзитетите се затворени за жени со образложение дека не го почитуваат важечкиот кодекс на облекување, кој бара од нив целосно да го покријат телото и лицето.

Сепак, универзитетите веќе усвоија нови правила по враќањето на талибанците на власт, особено со намера да ги раздвојат девојчињата и момчињата за време на часовите.

Затоа, на жените им беше дозволено да учат само од наставници од ист пол или постари мажи.

Неколку талибански претставници изјавија дека забраната за студирање на жените е само привремена, но не кажаа кога ќе биде укината. Година и пол и средните училишта се затворени за девојки.

Забраната за студирање беше изненадување за авганистанските жени кои полагаа приемни испити на универзитет помалку од три месеци порано.

И покрај ветувањата дека ќе бидат пофлексибилни, талибанците се вратија на строгото толкување на исламот што го означи нивното прво доаѓање на власт (1996-2001) и ги зголемија мерките против жените.

За неколку месеци жените беа исклучени од многу јавни работни места или им е платено да останат дома. Исто така, им е забрането да патуваат без придружба на машки роднина и мора целосно да бидат покриени кога ги напуштаат своите домови.

Во ноември минатата година, талибанците исто така им забранија влез во паркови, градини, спортски сали и јавни бањи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шолц: Ќе има последици ако Кина ѝ испрати оружје на Русија

Следно

На Попова Шапка измерени 21 сантиметар снег

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop