Ќира: Верувам дека ќе победам во Струга, ова се приоритетните проекти

July 31, 2025
1 min read

Менди Ќира беше гостин во емисијата „10 МИНУТИ“, каде што зборуваше за својата независна кандидатура за градоначалник на Струга, јавува ТВ21.

Тој изјави дека е убеден во победа, бидејќи, како што додаде, „самата фактичка состојба дека сè уште нема противкандидат, покажува дека тој е најдобриот“.

Говореше и за проектите кои му се важни и кои планира да ги реализира доколку го добие мандатот за градоначалник.

Тие вклучуваат изградба на рурално-урбана сообраќајница од Долгошди до градот.

„Ова го имам планирано, имам материјални средства, пари, и се надевам дека ќе го реализирам“, изјави Ќира.

Потоа, спомена и градски паркинзи за иселениците и туристите.

„Фокусот е на подземни паркинзи преку јавно-приватно партнерство“, додаде Ќира.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лукаревска до Тошковски: Кој од власта ќе одговара што изгоре 20% од територијата на земјата во пожари? (ВИДЕО)

Следно

Лозана го елиминираше Вардар од Конференциската Лига

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.
Go toTop