Николоски: Постои јасна линија меѓу претходната и оваа влaда – претходно имаше само назадување, застој и пустош, сега зборуваме за реални и реализирани проекти

July 31, 2025
2 mins read

После години години во Македонија, сега зборуваме за реални проекти, за реализирани проекти, за планирани проекти, за разлика години наназад кога имаше само назадување, застој, каде ништо не се работеше и имаше пустош во државата, потенцираше вицепремиерот Александар Николоски на одговор на пратеничко прашање на седницата во Собрание посветена за поставување на пратенички прашања.

Се се сведува на јасна повлечена линија, тоа што го прави оваа влада и тоа што не го правеше претходната влада и тука е јасна разликата, истакна вицепремиерот. 

Одговарајќи за проектите во железницата тој истакна дека и тука има јасна дистинкција меѓу сегашната влада и претходната влада упатувајќи дека претходната влада влегла слепо во проектот за изградба на пруга на коридор 8 без да направи никаква анализа и без да има договор со Бугарија дека проектот ќе се реализира.

“ Ние рековме дека таква работа нема да дозвoлиме да потрошиме преку половина милијадра евра на граѓаните во слеп тунел. И затоа влеговме со сериозни разговори со Бугарија за да побараме и тие да инвестираат. Имавме три барања и пред месец дена Бугарија ги прифати трите барања. Прво беше да го изградат својот дел кој што недостасува, второ од Софија со Ѓуешево каде на хартија има пруга,  да вложат пари и да ја реконструираат, трето беше тунелот да се изгради целосно и да има заеднички тунел.  Резултатот, ќе се гради заеднички тунел, во моментов преговараме за финалната веризја на текстот за кој што треба да го потпишеме двете страни, ќе биде финансиран од ЕУ средства како грант. Второ Бугарија распиша тендер за тие километри што недостасуваа на нивна страна за кои години претходно не ни размислуваше, а камоли да ги направат и трето парите кои што ги имаа за пругата Софија – Бургас, ги вратија за Софија -Перник. Следна фаза ќе бидат исти разговори со владата со Албанија, зашто што не може ние да работеме на западното крило на коридор 8 без Албанија да работи на своја стана и да стигнат до границата”- истакна вицепремиерот Николоски.  

Во однос на договорот со Велика Бртитанија, тој истакна дека никој не очекувал дека ќе се склучи договор со втората најмоќна економска и политички држава во светот а дека се подготвувала и пропаганда во земјава за некоја источна земја.

Знам дека многумина очекуваа да потпишеме со некои други сили кои не се од Западот туку од Истокот и тоа не се случи. Знам дека сега не знаат што да кажуваат и кажуваат се и сешто. Знам дека пропагандата беше подготвувана за други држава која не е од Западот, но ги разочаравме. Коридор 10 тоа е една виизја, еден сон, економски што целосно ќе ја смени реалноста во Македонија. Влеговме амбиционо во овој проект и потпишавме договор со економската и политичка сила број два во светот. Резултат на тој договор имаме понуди од 16 врвни банки, претходната влада можеле само да сонуваат да ги видат во Македонија да дојдат камоли да даваат понуди за финансирање на големи проекти, а на тие на банките да им кажевте каде е Македонија на мапата не можеа да ја најдат, а сега понуди даваат, така што тоа е крупната разлика- потнецира вицепремиерот Николоски.

Тој додаде дека во послениве десетина месеци се завршиле крупни капитални проекти, нешто што претходната влада само ветувала без ништо да сработи.

Еве успеавме што можеме да направиме во овие реални 10 месеци. Се пушти во функција експресниот пат Крива Паланка – Ранковце, првата секција од пругата Куманово Бељаковце, актовно се работи од Бељаковце до Крива Паланка, се пушти експресниот пат од Градско до Дреново и од Фариш до Дреново. Се пушти Понов мост-Гевгелија, првите килоеметри од Кичево -Охрид, како мит беше, стана и бајковита приказна за македонските граѓани никој не веруваше дека ќе се заврши, вториот дел за кратко ќе го пуштаме. Оспособивме локомотиви и возови, нула функционални локомотиви наследивме. Заклучно со денеска, 16 нови дестинации имаме од Скопје и Охрид, почнува реконструкција на охридскиот аеродром итн”- заклучи вицепремиерот Николоски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Интерпелацијата не е разрешница: што навистина следува по гласањето недоверба за државниот обвинител?

Следно

Украина вели дека е време да се „конфискува“ рускиот имот, а „не само да се замрзне“

Latest from Blog

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации

Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи

РУСКАТА “ПОДМОРНИЦА НА СУДНИОТ ДЕН“ за прв пат за спушти во морето. Која е нејзината цел?

Најновата руска нуклеарна подморница, поради капацитетот, составот на вооружување и стартешката подвижност е наречена “подморница на судниот ден“ наменета за нуклеарна војна – за прв пат го напушти пристаништето минатата недела. Додека

Драган Даниловски: Дел од заболените и починатите од западнонилска треска се заразиле во Македонија

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА Пет смртни случаи и вкупно 43 потврдени од западнонилска треска во Македонија. Тоа засега е црниот исход од епидемијата, која веќе одреден период тресе неколку скопски општини, Кисела Вода,
Go toTop