Во Охрид почнуваат чествувањата по повод Илинден

July 31, 2025
1 min read

Со отворање на изложбата „Македонија во светот на хералдиката“ предвидено за вечерва од 19:30 часот во Лапидариумот на Спомен-куќата на Робевци, во Охрид почнуваат манифестациите по повод националниот празник Илинден.

Со низа настани што ги организира Општина Охрид ќе бидат одбележани Денот на Републиката –  2 Август, но и три значајни јубилеи – 120 години од смртта на Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Кирил Прличев и 150 години од раѓањето на Методија Патчев.

Утре од 20:30 часот во селото Велгошти ќе се одржи културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“, со предвидено обраќање на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, полагање на цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците, како и културно-уметничка програма.

Утревечер кај црквата Св.Илија во селото Рамне ќе се одржат традиционалните Илинденски средби.

За в сабота, предвиднео е во десет часот да биде положено цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во Градскиот парк, а потоа кај „Прентов мост“.

Од 11 часот во селото Плаќе ќе се одржи историски час, по што е предвидена и културно-уметничка програма. Вечерта од 21:00 часот во селото Елшани ќе се одржи Илинденска вечер.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Бушар, го одигра последниот натпревар во кариерата

Следно

Трамп: Русија и Индија се мртви економии, Медведев да внимава што зборува – влегува во многу опасна територија

Latest from Blog

Америка го нападна Иран – Иран до Трамп: ЌЕ ЗАЖАЛИШ

Денес, и покрај договореното примирје, американската војска изврши нов напад врз цели во Иран, како одговор на нападот врз товарен брод во Ормутскиот теснец, за кој Вашингтон го обвинува Иран, јавуваат новинските

Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски услуги и поедноставени постапки

Министерството за внатрешни работи информира дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги за граѓаните. Од МВР посочуваат дека

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за
Go toTop