Вкупно 18 членки на ЕУ поднеле барање за исплата на средства од одбранбениот механизам САФЕ

July 31, 2025
1 min read

До истекот на крајниот, синоќа на полноќ, формално барање до Европската комисија за позајмици за заеднички набавки за потребите на одбраната од механизмот „Безбедносна акција за Европа“ (САФЕ), поднеле 18 земји членки на ЕУ, соопшти ЕК. 

Механизмот САФЕ располага со вкупно 127 милијарди евра, кои можат да се користат во форма на заеми за финансирање на набавки за потребите на одбраната. Покрај членките на блокот, можност за аплицирање за средства од САФЕ имаат и држави кои не се дел од Унијата, но кои имаат склучено договори за безбедносно и одбранбено партнерство со ЕУ, меѓу кои е и земјава. 

Листата од 18 земји кои поднеле барања за позајмици ја сочинуваат Белгија, Бугарија, Грција, Естонија, Италија, Кипар, Летонија, Литванија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Унгарија, Финска, Франција, Хрватска, Чешка и Шпанија. Вкупната вредност на поднесените барања за финансирање од земјите членки изнесува 104 милијарди евра. 

Европската комисија стравуваше дека земјите членки нема да ги искористат сите достапни средства, проценувајќи дека ќе бидат поднесени проекти во вкупна вредност помеѓу 75 и 100 милијарди евра. Од тие причини, еврокомесарите за одбрана и за финансии, Андриус Кубилиус и Валдис Домбровскис испратија писма до земјите членки со кои ги повикаа да аплицираат за искористување на достапните средства за заеми. 

Преостанатите 23 милијарди евра од механизмот САФЕ дополнително ќе може да ги искористат земји кои досега не аплицираа за позајмици. 

Апликантите имаат рок до ноември до Брисел да достават детални планови за тоа како ќе ги потрошат средствата за кои аплицираат. 

Доколку не бидат искористени сите предвидени средства од САФЕ, за распределба на преостаната сума следната година со нови проекти ќе можат да аплицираат и оние земји на кои ќе им бидат исплатени заеми.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани

Следно

СДСМ: 20% од македонските шуми и пасишта се претворени во пепел, одговорност од власта нема

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop