Повеќе од 60.000 Палестинци се убиени во израелските напади врз Газа

July 29, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 60.034 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу.

Министерството истакна дека 113 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, а 637 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади се искачи на 145.870.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, додаде Министерството.

Исто така, Министерството соопшти дека 22 Палестинци се убиени, а над 199 повредени во последните 24 часа при обид да земат хуманитарна помош, со што вкупниот број Палестинци убиени додека чекале помош достигна 1.179, а повеќе од 7.957 се ранети од 27 мај.

Израелската Армија ги продолжи нападите врз Појасот Газа на 18 март и оттогаш се убиени 8.867 Палестинци, а повредени се 33.829, прекршувајќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.

Вчера, израелските групи за човекови права „Б’Тселем“ и „Лекари за човекови права-Израел“ го обвинија Израел за извршување геноцид во Газа, наведувајќи го систематското уништување на палестинското општество и намерното уништување на здравствениот систем на територијата.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Седумчлена посада со „Блек Хок“ од Чешка слетува вечерва – словенечки пожарникари пристигнуваат утре во Берово

Следно

Родриго не сака да се пресели во Тотенхем

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете

Божиновска: Реформите остануваат во фокусот – продолжуваме со транспарентна и одговорна реализација

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг
Go toTop