Србљак ќе игра финале квалификации во Куршумлијска Бања

July 29, 2025
1 min read

Македонскиот тенисер Горазд Србљак со двете победи во квалификациите на ИТФ М15 турнирот во Куршумлијска Бања се избори за трет – финален меч што ќе се одржи денес.

Негов противник ќе биде Кристијан Кампесе од Италија.

Србљак во изедначен меч во второто квалификациско коло го елиминира домашниот тенисер Марко Николиќ. Нијанси го решија мечот, откако Србљак поведе со 1-0 во сетови по добиениот прв сет со 7:6(6), Николиќ изедначи на 1-1 со освојување на вториот сет во тај брејкот со 7:6(5). Во решавачкиот сет на поени беше 10-8 за македонскиот тенисер.

Во првото коло од квалификациите Србљак го совлада Андреј Куницин со 2-1 во сетови (62 46 10-7).

Во квалификациите од првото беше елиминиран Обрад Марковски, кој загуби од Седрик Станке од Германија со 2-1 во сетови (62 57 13-11 на поени).

На главниот турнир ќе настапи Калин Ивановски, кој е рангиран како осми носител и во првата рунда в среда (најверојатно) ќе игра против победник од квалификациите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија ќе забрани извоз на бензин до крајот на август

Следно

Комисијата за избори и именувања ќе бара решение за избор на претседател на ДКСК поради најавеното распишување на изборите

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop