Македонските футсал репрезентативци славеа над Шведска, добија поддршка од политичари и спортисти

March 5, 2023
1 min read

Македонската футсал репрезентација вечерва ја победи Шведска со 3:1 во 4. коло од Групата-10 во претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2024.

Поддршка од трибините Македонија доби од навивачите, но и од политичари и спортисти.

На трибите за Македонија навиваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, градоначалникот на Гази Баба, Стефковски, како и селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски.

Головите за „црвено-црните“ ги постигнаа Ранготов во 21. и во 26. минута и Леовски во 39. минута. За гостите погоди Диаз во 30. минута.

Со оваа победа Македонците ги задржаа шансите за второто место кое обезбедува бараж за главните квалификации.

На табелата во групата 10 лидер е Италија со 7 бода од три натпревари, Македонија има 4 бода од четири натпревари, Шведска е со 3 бода од три натпревари.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Украинскиот град Маринка целосно срамнет со земја

Следно

Кога „ќе пуштиме“ нова ковид варијанта?

Latest from Blog

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На
Go toTop