Алаба си оди од Реал Мадрид

July 27, 2025
1 min read

Австрискиот дефанзивец како слободен играч, пристигна во летото 2021 година од Баерн за да го замени Серхио Рамос и веднаш се претвори во клучен човек во системот на Карло Анчелоти кој ги освои и Ла Лига и Лигата на шампионите.

Реал сака да се ослободи од него, но како што пишува „Ас“, Алаба не сака да си замине.

Иако пред него во хиерархијата има четири стопери (Хујсен, Милитао, Ридигер и Асенсио) и иако Чаби Алонсо редовно го користи на тренинзите Жоан Мартинез од младинскиот тим, Алаба сака да остане..

Освен што верува дека сè уште може да се врати во форма, тој има и трет најголем договор во тимот, 22,5 милиони евра бруто. Бидејќи влезе во последната година од договорот тој нема намера да се откаже од тие пари.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 25 лица загинаа во Нигерија при превртување на патнички брод

Следно

Полициски службеници евакуираа војник на АРМ од пожар

Latest from Blog

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим

Меџити: Албанците сакаат моќ што одлучува – таа сила е ВЛЕН

Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, преку емотивна и силна порака објави дека започнува ново политичко поглавје за Албанците во Македонија, најавувајќи обединување во една политичка сила под името „ВЛЕН“.

Проданоски: Првиот хард ендуро полигон во државата носи нови можности за Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека „Топташ Родео 2026“ повторно покажало дека Прилеп сигурно се позиционира како препознатлива дестинација за хард ендуро и големи спортски настани. Според него, Топташ и

Коњановски: Континуираното образование е темел на квалитетна ветеринарна услуга

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество, кој се одржа на Ветеринарниот факултет Битола при Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола, во
Go toTop