Османи до Муцунски: Оваа Влада влече неразумни потези спротивни на интересите на државата и на граѓаните

July 26, 2025
1 min read

„Оваа Влада не влече храбри, туку неразумни потези, кои се во директен судир со долгорочните интереси на државата и на сите нејзини граѓани и тоа по сите нејзини клучни сегменти. Изјавата на Муцунски не претставува само погрешно разбирање на суштината на Охридскиот договор, туку делува и како обид за отворање на непотребен етнички фронт, во политички контекст кога ни е потребен суштински консензус за европското досие“, ова е дел од одговорот на Бујар Османи, поранешен министер за надворешни работи, на обвинувањата на Тимчо Муцунски дека Османи за време на настанот на кој се промовирашеза градоначакник на Чаир упатил опасни наративи за нарушување на унитарниот карактер на државата кои се штетни и за регионалната стабилност.

Османи истакнува дека, според него, „во начелата и принципите на Охридскиот мировен договор е пресликан современиот модел на соживот и функционалната унитарност на земјава. Функционалноста на мултиетничката демократија подразбира почитување на договореното во Охрид: од принципите (духот на договорот), до неговите механизми како што се Бадентер, правичната застапеност (Балансер), засилена децентрализација, јазичната артикулација итн“.

„Оној што не ја разбира, или не сака да ја прифати оваа реалност, директно удира во темелите на современата државност, кои се нашироко прифатени не само во земјава туку од нашите стратешки партнери како што се САД и ЕУ“, му порача на социјалните мрежи Бујар Османи на Тимчо Муцунски.

Османи во својата реакцијат укажува дела „ние сме се договориле дека на основ на граѓанските индивидуални права, ќе изградиме систем, со механизми и процедури, со кои ќе ги негуваме и унапредуваме и колективните права на заедниците. Оттаму е и правото на немнозинските заедниците автономно да ги избираат свои легитимни претставници, и тоа да биде општествено вреднувано и почитувано. Вистинското вреднување на овој механизам не ја загрозува, туку ја зајакнува внатрешната кохезија како основно врзивно ткиво на унитарноста на државата“.

„Охрид не е проблемот – Охрид е решението. Исто како и Преспа, исто како и Договорот за пријателство со Бугарија. И уште еднаш – тој што не го разбира тоа или не сака да ја прифати таа реалност директно и наштетува на иднината на земјата“, му порача на социјалните мрежи Бујар Османи на Тимчо Муцунски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Турција измерени рекордни 50,5 степени – највисока температура во Европа досега

Следно

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop