Лишени од слобода две лица на ГП „Табановце“ поради фалсификување исправа

July 26, 2025
1 min read

На 25.07.2025 во 14.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, од слобода се лишени С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје.

Во обид да влезат со приоритет, С.С., кој го управувал возилото „голф“ со скопски регистарски таблички, во кое се превезувале, на полициските службеници од ФРОНТЕКС им рекол дека е дипломат, приложувајќи патна исправа наводно издадена од Европски полициски комитет, а на македонските полициски службеници им рекол дека е вработен во МВР, но не ја носел службената легитимација.

При дополнителна контрола  на лицето и возилото биле пронајдени патни исправи, една биометриска страна за патна исправа, два пластични печати, четири лични карти и други предмети.

Поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по чл.378 од КЗ, пронајдените предмети се одземени, а лицата лишени од слобода и по целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Пелинце, време на чекање до 45 минути

Следно

Марш во Њујорк со барање за крај на израелската опсада на Газа

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop